Свет
(Видео) Русите објавија снимка од уништување на противракетен систем кај Киев

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили со високопрецизно ракетно оружје го уништиле украинскиот противвоздушен ракетен систем Бук во регионот на Киев.
„Ракетниот напад го изврши оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер“, а контролата на ударот ја изврши дрон. Системот за противвоздушна одбрана е уништен со прецизен удар во целта“, соопшти Министерството.
Претходно руската армија објави дека извршила нови ракетни напади врз воени цели во западна, централна и југозападна Украина.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека крстосувачките ракети „Калибар“, лансирани од бродот, уништиле складиште за муниција и оружје во близина на населбата Велики Коровинци во регионот Житомир.
„Исто така, високопрецизната крстосувачка ракета Оникс ја уништи базата за гориво во регионот на Миколаев, која ги снабдуваше со гориво вооружените сили на Украина во јужниот дел на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Велика Британија: На Путин треба да му се одговори со сила, а не со попуштање

Во пресрет на денешната посета на БиХ, британската министерка за надворешни работи Лиз Трaс изјави дека обидите да му се додворат на Владимир Путин се „опасни“.
„Руската агресија не треба да се толерира, на неа треба да се одговори со сила“, се вели во соопштението на Лиз Трaс.
„Мораме да бидеме решени да ја обезбедиме победата на Украина со испраќање воена помош и санкции за Русија. Сега веќе не можеме да се тргнеме“, рече Трас, пренесе Индекс.хр.
Регион
Словенечкиот парламент го потврди Роберт Голоб за премиер

Словенечкиот парламент го потврди назначувањето на лидерот на Движењето за слобода, менаџерот Роберт Голоб за премиер, кој парламентарците треба да го изберат следната недела.
Во средата за Голоб гласаа 54 пратеници, 30 беа против, а еден глас беше неважечки.
Пред гласањето, Голоб изјави дека врз основа на големата доверба што му ја дале на изборите на 24 април, сака да им даде на Словенците „надеж за подобра иднина“ и да им ја врати „животната радост“, пренесе Хина.
Свет
Оклахома воведе строг закон за абортус

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стејт, потпиша еден од најстрогите закони за забрана на абортусот во САД, кој, меѓу другото, им овозможува на приватни лица да ги тужат оние кои им помагаат на жените да ја прекинат својата бременост.
Републиканскиот закон стапува на сила веднаш, со исклучоци само во случај на вонредна состојба, силување или инцест.
„Им ветив на граѓаните на Оклахома дека како гувернер ќе го потпишам секој закон што функционира во корист на животот и горд сум што го одржав тоа ветување“, изјави гувернерот Стит за Ројтерс.
Центарот за право на репродукција од Њујорк посочува дека „веднаш ќе поднесе приговор за забраната и ќе побара од него да ја блокира на суд“.
„Оклахома сега е единствената сојузна држава во САД што го забрани абортусот, додека случајот Роу против Вејд се уште е на сила“, соопшти центарот.
Врховниот суд на САД би можел да го поништи правото на абортус дадено со пресудата Роу против Вејд од 1973 година.
Ако Врховниот суд ја поништи пресудата од 1973 година, тоа ќе значи дека абортусот нема да биде дозволен во половина од сојузните држави.
Четири клиники за абортус во Оклахома веќе престанаа да ги даваат своите услуги.
Оклахома до неодамна беше дестинација за жените од Тексас кои сакаат да абортираат по шест недели.
По забраната во Оклахома, жените сега мора да патуваат во Канзас, Њу и Мексико или Колорадо доколку сакаат да ја прекинат бременоста, пренесе Телеграф.