Контакт

Свет

(Видео) Рутинска проверка на автомобил можеше да биде смртоносна за американски полицаец

Објавено пред

На интернет речиси секојдневно се појавуваат снимки кои сведочат за насилство на улиците низ САД, а неодамна беше регистриран уште инцидент, кој бил снимен со помош на камера поставена во полициски автомобил.

Имено, полицијата запре автомобил и му нареди на човекот да остане во возилото. Тој упорно го прашуваше полицаецот каков прекршок направил, но полицаецот уште еднаш му даде наредба да остане во возилото.

Возачот не ја послуша наредбата и излезе од возилото, поради што полицаецот му нареди да ги крене рацете, но човекот посегна по пиштол кој го впери во полицискиот службеник. Потоа започна престрелка, а на крајот на видеото може да се види дека полицаецот го застрелал возачот кој останува да лежи на земја. Полицаецот го пријавил случајот во својата станица, веднаш по пукањето.

Свет

Коронавирусот може да се пренесе преку дишење, тврдат научници од Флорида

Објавено пред

Група научници од Универзитетот во Флорида успеале да изолираат жив примерок од коронавирус од аеросоли што ги собрале од пациенти хоспитализирани за Ковид-19 на растојание од два до помалку од пет метри.

„Ова го бараа луѓето. Ова е недвосмислен доказ дека вирусот се наоѓа во аеросолите“, рече Линзи Мар, специјалист за вируси што се шират во воздухот, која, инаку, не учествувала во истражувањето.

Откритието на научникот од Флорида беше објавено на интернет минатата недела, но сè уште чека рецензија. Сепак, ова не ја спречи дебатата за резултатите од истражувањето во научната заедница.

„Ако ова не е цврст и непобитен доказ, тогаш не знам што е“, напиша Мар на „Твитер“ минатата недела, додека некои експерти велат дека сè уште не е јасно дали количината на вирус што е пронајден во аеросоли е доволен за да зарази некого, пишува „Њујорк тајмс”.

Истражувањето било многу тешко да се спроведе, со оглед дека дијаметарот на аеросолите изнесува пет микрометри, а испарувањето дополнително го намалува. Обидите да се грабнат минијатурни капки обично го оштетуваат вирусот.

„Многу е тешко да се земе примерок од биолошка материја од воздухот, а притоа да може да се употреби“, рече инженерот Шели Милер, кој го проучува квалитетот на воздухот и болестите што ги пренесува, додавајќи: „Мораме да собираме примероци на паметен начин за да бидат слични на оние кои луѓето ги дишат.“

Претходните обиди да се испита ширењето на вирусот преку аеросоли не беа успешни токму поради техниките за земање мостри.

Истражувачите од Универзитетот во Флорида ги сочувале примероците со тоа што прво ги зголемиле со пареа и потоа ги префрлиле во течност полна со соли, шеќер и протеини, со што се сочувал патогенот.

Примероците за оваа студија биле собрани во собата за лекување на „Ковид-19“ во болницата „Хелт Шандс“ на Универзитетот во Флорида. Ниту еден пациент во собата не бил подложен на медицински зафати за кои се знае дека производуваат аеросоли.

Истражувачите ги собрале примероците на место што е оддалечено два метри од пациентите и на место кое е оддалечено од нив речиси пет метри, што е многу повеќе од препорачаната оддалеченост што треба да се држи за да се намали можноста од инфекција со коронавирус.

Тие биле успешни на двете растојанија, а генетската анализа на вирусот покажала дека е идентична со онаа што се наоѓа кај пациентот, кој неодамна бил примен на лекување.

Воздухот во болничката соба бил менуван шест пати на час, а просторијата била опремена со ефикасни филтри и други мерки за безбедност, кои требало да го деактивираат вирусот пред да се пушти воздух во собата.

Водечкиот виролог на истражувачкиот тим, Џон Ледницки, рече дека тоа е причината зошто успеале да најдат само 74 честички на вируси во еден литар воздух.

Затворените простори со послаба вентилација, како што се училиштата, наводно, содржат повеќе честички на вирусот.

Други научници, од друга страна, велат дека е тешко од овие откритија да се заклучи во каква опасност од зараза се наоѓа поединецот.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Русија се потврдени нови 5.065 случаи со коронавирус, 114 лица починале

Објавено пред

Во Русија се потврдени уште 5.065 случаи на коронавирус, додека 114 лица починале, објави Центарот за борба против коронавирус.

Вкупниот број на пациенти од почетокот на епидемијата во Русија сега е 912.823, додека вкупниот број на починати е 15.498, јавува Тасс. Повеќето нови пациенти се во Москва и Санкт Петербург.

Како што се наведува, во моментот се хоспитализирани 174.361 пациенти, додека 6.568 лица оздравеле во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ со два концепти за влада – коалиција со една партија или избори за година ипол

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изнесе два можни модели за формирање влада.

„Јас би предложил два концепта. Едниот е проста коалиција со една политичка партија, не би кажал која. Со оглед дека ни се заканува нов бран на коронавирус на есен и со оглед на ситуацијата на Косово, другиот концепт е да речеме за година ипол да се одржат парламентарни избори, така што ќе има еден вид концентрациона влада. Ако ме прашате, јас сум поблизу до првиот концепт“, вели тој.

Вучиќ додаде дека „брои“, но не математички, туку политички, односно следи што се случува во светот, во Европа, со цел да се донесе најдоброто решение за земјата и граѓаните. Тој најави дека неговиот предлог ќе биде презентиран наскоро.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ17 минути

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Македонија39 минути

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од...

Топ2 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија2 часа

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија3 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет3 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет6 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет15 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет15 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа16 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија18 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија20 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија22 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија23 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Досие