Свет
(Видео) САД ја обвинуваат мексиканската претседателка за поттикнување немири, таа докажува дека лажат

Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, вчера ја критикуваше мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум за поттикнување насилство на протестите во Лос Анџелес против рациите за имиграција, тврдење кое Шајнбаум силно го негираше, велејќи дека таа го сторила спротивното и го осудила насилството од сите страни.
„Клаудија Шајнбаум истапи напред и ги поттикна протестите во Лос Анџелес. Ја осудувам за тоа“, изјави Ноем пред новинарите во Белата куќа. „Таа не треба да ги поттикнува насилните протести што се одржуваат. На луѓето им е дозволено мирно да протестираат, но насилството што го гледаме не е прифатливо и нема да се случи во Америка“, додаде Ноем.
Мексиканската претседателка одговори на навредите во објава на Икс, велејќи дека се целосно лажни и прикачи видео од прес-конференцијата завчера на која таа всушност го осуди насилството на демонстрациите.
Hace unos momentos, ante una pregunta de un medio, la secretaria de Seguridad Interior de los Estados Unidos, equivocadamente mencionó que alenté protestas violentas en Los Ángeles. Le informo que es absolutamente falso. Aquí dejo mi declaración del día de ayer donde claramente… pic.twitter.com/LEiVxdmvJv
— Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) June 10, 2025
„Палењето полициски автомобили повеќе личи на чин на провокација отколку на отпор. Мора да биде јасно дека го осудуваме насилството од сите страни“, рече Шајнбаум на прес-конференцијата.
„Ја повикуваме мексиканската заедница да дејствува мирно и да не прибегнува кон провокации“, додаде Шајнбаум, апелирајќи и до американските власти да го почитуваат човековото достоинство и владеењето на правото. Мексиканската лидерка, чија влада е во тек на трговски преговори со администрацијата на Трамп, во објава на Икс изјави дека е уверена дека недоразбирањето ќе биде разјаснето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.