Свет
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Калифорнија
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Јужна Калифорнија во неделата попладне по локално време, каде што пристигна и тропската бура Хилари.
NEW: A 5.1 magnitude earthquake has been recorded in California north of Los Angeles as residents brace for Tropical Storm Hilary which just made landfall in Baja California, Mexico. Liz Kreutz reports. pic.twitter.com/ibXz8SUicC
— MSNBC (@MSNBC) August 20, 2023
Епицентарот на земјотресот бил во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава додека се подготвувале за силен дожд и можни поплави, кои ги донела тропската бура.
The moment the #earthquake interrupted @ABC7 Los Angeles’ coverage of #Hilary. pic.twitter.com/IBVDCx7XHN
— Nick Stewart (@NStewWX) August 20, 2023
Земјотресот се случил во 14.41 часот по локално време, а веднаш по тресењето на почвата, нема извештаи за материјална штета или повредени.
#WATCH Floods in Palm Desert, Riverside County, #California 🇺🇸 Due to the effects of Tropical Storm Hilary. #PalmSprings #HurricaneHilary #Hurriquake #SoCalwx #Hurricane #HILARY #Califonia #BREAKINGNEWS #Breaking #HuracanHilary #HurricaneHilary #HurricaneHillary pic.twitter.com/zctvI00BLm
— Nitesh rathore (@niteshr813) August 21, 2023
Американскиот систем за предупредување извести дека нема опасност од цунами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за враќање во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговото политичко враќање е доказ дека политиките и филозофијата на „радикалната левица“ во изминатите четири години се „страшни“ и „не работат“.
Во интервју за Фокс њуз, Трамп ја критикуваше политиката на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, осврнувајќи се повторно на инфлацијата, повлекувањето на САД од Авганистан, како и војните во Украина и меѓу Израел и Хамас.
„Стигнавме точно на време за да ја спасиме земјата“, рече Трамп.
Доналд Трамп повторно се врати во Белата куќа, заканувајќи се дека ќе го урне светскиот поредок и ќе изгради нова американска империја, од Панама до Гренланд. И, засега, европските политичари и бирократи решително одбија да реагираат со бурно негодување.
Свет
Трамп ја избра 27-годишната Каролин Левит за портпаролка, најмладата во историјата
Каролин Левит (27) е именувана за нова портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, што ја прави најмладата личност на оваа позиција во историјата на Белата куќа. Последен пат некој помлад од 30 години ја извршувал функцијата во 1969 година, за време на мандатот на претседателот Ричард Никсон, јавува Би-би-си.
Трамп по нејзиното назначување рече: „Каролин Левит направи феноменална работа како прес-секретар за мојата кампања, и со задоволство можам да објавам дека ќе служи како прес-секретар во Белата куќа. Каролин е паметна, цврста и се покажа како многу ефикасен комуникатор. Имам голема доверба во неа дека ќе биде брилијантна во оваа улога и ќе помогне да ја пренесеме нашата порака до американскиот народ“.
The Golden Age of America has begun. pic.twitter.com/jJudArLyYS
— Karoline Leavitt (@karolineleavitt) January 20, 2025
Левит ја изрази својата возбуда за нејзината нова улога на платформата Икс (поранешен Твитер), пишувајќи: „Благодарам на вредните вработени во Белата куќа што подготвија сè за нашето пристигнување. Се гледаме наскоро!“ Таа подоцна додаде: „Златното доба на Америка започна“.
Свет
Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме
Повеќе од 25.000 домови и деловни објекти останаа без струја бидејќи невреме го погоди северниот дел на Нов Јужен Велс, Австралија, додека главните патишта беа блокирани од паднатите дрвја.
Надзорникот Скот Мекленан рече дека дошле повеќе од 140 повици од сопственици на куќи на кои им е потребна помош, пренесува ABC News. Компанијата „Есеншл енерџи“ соопшти дека работи на враќање на струјата, пренесува Танјуг. Во Твид Хедс поради силно невреме е уништен автомобил пред градинка, а човекот во возилото се здобил со полесни повреди.
Метеорологот Едвард Медлок изјави дека невремето ќе продолжи денеска и утре.
Невремето донесе и обилни врнежи, при што во Алстонвил се забележани 53 милиметри дожд, додека во помалите градови падна град.
Во петок се очекуваат температури од 36 до 38 степени со ризик од силен ветер и можна појава на град, информираат метеоролозите.