Свет
(Видео) Шји Џјинпинг се обрати до нацијата: Кина испиша историја во борбата против коронавирусот

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, ја пофали, како што рече, тешко извојуваната победа над коронавирусот, но и начинот на кој земјата се справила економски и ја искоренила сиромаштијата во вонредната 2020 година.
За време на новогодишното обраќање на националната телевизија Шји Џјинпинг посака да се постигнат уште подобри резултати в година,
„Кина ја напиша историјата во борбата против Ковид-19 бидејќи државата ги стави луѓето и животите на прво место и се бореше против епидемијата обединета, без резерви“, рече Шји.
Многубројни медицински работници, научници, вработени во јавните служби, градежници и волонтери изградија железен ѕид за да спасат животи, додаде кинескиот претседател.
„Големината се крие во обичните работи, а вистинските херои доаѓаат од луѓето. Секоја личност беше исклучителна“, рече, меѓу другото, Шји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Кипар земјотрес со јачина од 5,3 степени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Кипар, а засега нема извештаи за штети.
Потресот се случил во 15:27 часот и го почувствувале жителите на облакодерите во главниот град Никозија, при што некои во паника излегле од становите.
Кипар се наоѓа на трусно подрачје, но силните земјотреси не се чести.
Најсилниот земјотрес во поновата историја на Кипар беше со јачина од 6,3 степени во 1996 година и предизвика мали штети.
Свет
(Видео) Бил Клинтон задремал на говорот на Бајден?

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изгледа здремал за време на инаугуративниот говор на Џо Бајден, пишува „Њујорк пост“.
На снимките кои по церемонијата се раширија на социјалните мрежи се гледа дека 74-годишниот Клинтон едвај ги држи очите отворени, а главата често постепено му паѓа надолу за време на обраќањето на Бајден во Капитол.
Bill Clinton ass sleep 😂 pic.twitter.com/fqTvk1chWY
— Drew (@MrOsoku_) January 20, 2021
„Бил Клинтон дефинитивно спие“, вели машки глас на снимка од мобилен телефон емитувана во емисија на Си-би-ес њуз, објавена од корисник на „Твитер“.
Слична снимка, извлечена од телевизискиот извештај на Би-би-си, беше објавена и на „Јутјуб“ под наслов „Бил Клинтон заспа на инаугурацијата на новиот претседател“.
Joe Biden puts Bill Clinton to sleeppic.twitter.com/TsM4jc4wx7
— The First (@TheFirstonTV) January 20, 2021
Клинтон на инаугурацијата седеше покрај неговата сопруга Хилари и во близина на поранешниот претседател Џорџ В. Буш и сега поранешниот потпретседател Мајк Пенс.
Европа
Меркел: Mи се крши срцето кога ќе помислам колку многу луѓе умреа во самотија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е силно емотивно погодена од големиот број смртни случаи во домовите за стари лица, за време на пандемијата од коронавирусот.
„Срцето ми се крши кога ќе видам колку луѓе… починаа таму во самотија“, изјави Меркел пред новинарите во Берлин. „Емотивно гледно, мене тоа ми падна многу тешко“, призна таа.
Бројот на смртни случаи во пандемијата во Германија е зголемен за три пати од почетокот на декември, искачувајќи се на речиси 50.000 смртни случаи, поврзани со инфекција од коронавирус.
Вториот бран на пандемијата од Ковид-19 особено ги погоди домовите за стари лица.
Канцеларката исто така ја бранеше одлуката на Германија да се приклучи на заедничката иницијатива за набавка на вакцини во Европската Унија и ги отфрли тврдењата дека нејзината земја не обезбедила доволно вакцини за свои потреби.
Меркел им изјави на новинарите дека би било навистина многу ужасно доколку Германија почнела со вакцинирање додека другите, економски послаби земји, само стојат отстрана и чекаат.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот