Свет
(Видео) Трамп изјави дека пандемијата на шпанскиoт грип од 1918 година ја запрела Втората светска војна

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пандемијата на шпанскиот грип, веројатно, довела до крајот на Втората светска војна, која почнала повеќе од две децении подоцна.
„Пандемијата од 1917 година уби меѓу 50 и 100 милиони луѓе. Веројатно затоа заврши Втората светска војна, сите војници се разболеа“, рече Трамп за време на брифингот во Белата куќа.
Пандемијата на шпанскиот грип почнала во 1918 година, а неговиот дедо Фредерик Трамп починал од неа во Њујорк истата година.
На социјалните мрежи се појавија многубројни коментари дека шпанскиот грип нема никаква врска со Втората светска војна. Неговото траење во 1918 и 1919 година се совпаднало со крајот на Првата светска војна.
By the way the 1918 flu pandemic started in 1918, not 1917.
World War 2 ended in 1945.
And for some reason it’s the Trump Campaign that’s trying to run on mental fitness.
— The Lincoln Project ?☠️ (@ProjectLincoln) August 11, 2020
Шпанскиот грип првпат бил откриен меѓу војниците во пролетта 1918 година и оттогаш се проширил на 500 милиони луѓе во целиот свет.
Втората светска војна почна 20 години подоцна – во 1939 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Песков: Ситуацијата е безнадежна, води до вистинска ескалација

Оружјето што западните земји и го доставуваат на Украина доведува до ескалација на конфликтот, ситуацијата е во ќорсокак, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Песков изјави дека текот на настаните не може значително да се промени и дека специјалната операција продолжува.
„Украина бара се повеќе и повеќе ново оружје, а Западот ги охрабрува овие барања, се колне дека е подготвен да обезбеди оружје. Оваа ситуација е прилично безнадежна, бидејќи, уште еднаш ќе кажам, води до вистинска ескалација и води кон НАТО членовите и тие се подлабоко и подлабоко во овој конфликт“, рече Песков пред новинарите.
Портпаролот се осврна и на односите меѓу Москва и Париз, велејќи дека таму нема ништо за пофалба, исто како во односите меѓу Русија и членките на Европската унија, но доколку е потребно, дијалогот со францускиот лидер Емануел Макрон ќе продолжи.
Песков, дополнително, нагласи дека сега е тешко да се зборува за перспективите на дијалогот со НАТО, бидејќи, како што рече, Алијансата одамна ги прекина сите конструктивни односи со Русија.
Според него, постојат одредени кругови во сите европски земји кои се загрижени за степенот на нивната вклученост во украинскиот конфликт.
Европа
Грчки воен авион се урна во Јонското Море, се трага по пилотите

Грчки спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион „Ф-4“ кој се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.
Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез.
Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат оваа информација.
Европа
Кина со порака до Вашингтон: Уште една посета може скапо да ве чини

Кина одговори на извештаите за планот на претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, да го посети Тајван оваа пролет, пренесуваат медиумите во светот.
Според написите, Кина го повикува Вашингтон да се придржува до принципот „една Кина“ и да се воздржи од правење се што може да влијае на билатералните односи.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на прес-конференција рече дека Пекинг „се противи на каква било официјална интеракција со Тајван од која било земја што има дипломатски врски со Кина“, пренесува „Кјодо“.
Според извештаите на американските медиуми, Министерството за одбрана на САД се подготвува за посетата на Мекарти на Тајван.
Мао ги предупреди САД да не го нарушуваат мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец.
Минатиот август, Ненси Пелоси, која го наследи Мекарти на функцијата, го посети Тајван, што предизвика жестока реакција од Пекинг. Тоа беше прва посета на Тајван на третиот највисок американски функционер во последните 25 години.
Кина одговори со спроведување големи воени вежби во близина на Тајван и прекинување на дијалогот со САД во повеќе области, според „Кјодо“.