Свет
(Видео) Трамп: Кина ќе плати висока цена поради коронавирусот
Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој сè уште се лекува од коронавирусот, денес повторно ѝ се обрати на јавноста преку „Твитер“.
Тој испрати специјална порака до постарите Американци и им се закани на Кинезите дека ќе платат за „ослободување на коронавирусот во светот“.
TO MY FAVORITE PEOPLE IN THE WORLD! pic.twitter.com/38DbQtUxEu
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 8, 2020
„На моите омилени луѓе во светот, постарите лица. И јас сум постар, знам дека не го знаете тоа, никој не го знае тоа, не мора да им кажете, но и јас сум постар. Напредуваме во борбата против оваа страшна болест што ни ја испрати Кина. Кина, која ќе плати висока цена за тоа“, рече Трамп во воведот на обраќањето.
Тој ја пофали терапијата што ја добил во воената болница „Валтер Рид“ и истакна дека набргу ќе биде достапна за сите, особено за постарите лица.
„Но, ние имаме лекови. Минатата недела бев многу болен и отидов во болница. Ги зедов тие лекови и беше неверојатно. Ќе ги ставиме на располагање веднаш. Сакам да ја добиете истата грижа што ја добив јас. Овие лекови се тотално безбедни и бесплатни“, рече Трамп, кој не ја пропушти можноста да се задева со својот противник Џо Бајден.
„Тој само зборува, но не направи ништо за 47 години. Јас направив повеќе за 47 месеци отколку што тој направи за 47 години. Тој имаше шанса, но не знаеше што да прави. Јас знам што правам. Ви благодарам, ве сакаме и ја сакаме Америка“, вели Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

