Свет
(Видео) Трудо поднесе оставка

Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата шеф на Либералната партија и премиер. Но, тој ќе остане на премиерската позиција додека партијата не избере ново партиско раководство.
Тој ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се разбудил како премиер, е инспириран од издржливоста и дарежливоста на Канаѓаните. Тој вели дека откако станал премиер во 2015 година, се борел за Канада и нејзиниот народ, за зајакнување и раст на средната класа. Тој истакнува дека гледал како земјата се обединува кога се поддржувале меѓусебно за време на пандемијата и како работел за да ја заштити слободната трговија на континентот.
Трудо вели дека одлуката да поднесе оставка ја донел по долги разговори со семејството – истакнува дека неговиот успех бил резултат на нивната поддршка. Синоќа на вечера на своите деца им рекол дека ќе поднесе оставка.
Тој додава дека „оваа земја го заслужува вистинскиот избор“ на следните избори. Тој, исто така, рече дека станало јасно дека ако мора да води „внатрешни битки“, тој не може да биде најдобриот избор за гласачите во Канада.
Тој тврди дека парламентот бил „парализиран со месеци“ – што тој го нарекува најдолгата седница на малцинскиот парламент во канадската историја.
Трудо понатаму наведува дека тоа е причината поради која на земјата и е потребна нова собраниска седница и дека таа ќе биде одложена за 24 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма.
Според Противпожарната служба, за инцидентот биле известени во 16 часот и 40 минути и засега нема извештаи за непосредна опасност по околните домови.
Нешто пред 18 часот жителите преку 112 биле предупредени да бидат подготвени, а вторпат да се евакуираат.
Свет
Трамп вели дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене – рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“.
„И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат, рече Трамп.
Свет
Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели

Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели по повеќе од пет недели престој, јави ДПА. Папата денеска го имаше своето прво појавување во јавноста по пет недели, мавтајќи од балконот на болницата пред да ја напушти установата.
На 14 февруари, 88-годишниот понтиф беше примен во болница со тешка респираторна инфекција. Од неговата хоспитализација, Ватикан објави само една фотографија од папата – и тоа само одзади, пред олтарот во капелата на десеттиот кат од клиниката.
Неизвесно е дали тој ќе може да учествува на прославата на Велигден следниот месец.