Контакт

Вести

(Видео) Ураганот Доријан ги опустоши Бахамите, најмалку пет загинати

Објавено пред

Најмалку пет лица загинале на островите Абако во ударот на ураганот Доријан, соопшти премиерот на Бахамите, Хуберт Минис. Разорниот ураган, карактеризиран како најсилниот досега што ги погодил Бахамите, донел ветер со брзина од 205 километри на час, а останал на Бахамите 40 часа.

Доријан во меѓувреме ослабна до четврта категорија, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен, a се движи кон Флорида, САД.

„Се наоѓаме среде историска трагедија“, рекол Минис.

Според податоците на Американскиот центар за урагани,  Доријан е најсилниот ураган што некогаш ги погодил Бахамите.

Жителите сè уште се наоѓаат во засолништата, без електрична енергија. Ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите, каде што се уништени куќи и поплавени цели населби.

Доријан сега се движи кон брегот на САД. Националниот центар за урагани со седиште на Мајами ги предупреди жителите на Флорида да не ги напуштаат засолништата додека не помине ураганот.

Во девет окрузи на Флорида е наредена задолжителна евакуација. Откажани се летовите, а бензинските станици и продавниците се затворени.

Научниците предупредуваат дека климатските промени влијаат на интензитетот на ураганот затоа што со затоплување на океанот и на површината на водата, бурите добиваат поголема енергија, што може да доведе до пообилни врнежи од дожд и посилен ветер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Објавено пред

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.

Протестите избувнаа поради незадоволството од поскапувањето на јавниот превоз во градот, а демонстрантите подметнале пожари во неколку метро станици, извршиле грабежи во повеќе продавници и запалиле градски автобус.

Во своето обраќање до нацијата, Пинера рече дека прогласува вонредна состојба во две провинции и две општини во поширокиот регион на Сантијаго заради сериозни и повторени напади на метрото, напади врз јавен и приватен имот како и за зачувување на безбедноста на граѓаните.

Претседателот на Чиле најави дека во наредните денови Владата ќе повика на дијалог со цел ублажување на последиците од поскапувањето на јавниот превоз за најсиромашните.

Прикажи повеќе...

Вести

Хејли: САД никогаш нема да ѝ веруваат на Русија

Објавено пред

Русија никогаш нема да може да ѝ биде пријател на Америка, а Вашингтон никогаш нема да може да ѝ верува на Москва, под никакви услови, изјави Ники Хејли.

Поранешната постојана претставничка на САД во Обединетите нации, сепак, додала дека и покрај тоа, Америка секогаш ќе се залага за отворена комуникација со Русија.

„Русија се мешаше во нашите избори, ние го знаеме тоа, го гледаме тоа, како што го гледаат и другите земји“, додала таа.

Хејли истакнала и дека Русија добила сила врз основа на хаосот коj го создава во другите земји.

Таа се осврнала и на иницијативата за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, велејќи дека на американскиот Парламент му претстојат далеку поважни работи кои треба да ги спроведе од занимавање со политички игри.

Прикажи повеќе...

Вести

Џонсон ги негира тврдењата за сексуално вознемирување две жени

Објавено пред

Портпаролот на британскиот премиер, Борис Џонсон, денес ги отфрли обвиненијата дека Џонсон сексуално вознемирувал две жени пред 20 години.

Овие обвинувања го ставија во втор план отворањето на годишната конференција на Конзервативната партија во неделата, пренесува „Ројтерс“.

„Овие обвинувања не се точни“, рече портпаролот на Џонсон.

Колумнистката Шарлот Едвардс напиша во „Сандеј тајмс“ дека Џонсон ја допирал за време на ручекот во 1999 година додека бил уредник на списанието „Спектатор“.

„Ја почувствував раката на Џонсон на мојот бут под масата. Го стегаше. Се качуваше нагоре, па морав да станам“, напиша таа додавајќи дека ѝ се доверила на колешка што седела од другата страна на Џонсон и која ѝ рекла дека британскиот премиер и неа ја допирал.

По негирањата од Даунинг стрит, Едвардс на „Твитер“ напиша дека ако премиерот не се сеќава на настанот, таа има подобра меморија од него.

Во интервју за Би-би-си британскиот министер за финансии, Саџид Џавид, одби да ги коментира тврдењата велејќи дека Џонсон му кажал оти тие се неточни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет19 минути

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија24 минути

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет43 минути

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет46 минути

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет14 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет17 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет17 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ18 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија22 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести22 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија23 часа

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија23 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет23 часа

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија1 ден

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија1 ден

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт1 ден

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија2 дена

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Досие