Контакт

Свет

(Видео) Ураганот Мајкл ја погоди Флорида

Објавено пред

Ураганот Мајкл ја погоди областа во близина на градот Мексико Бич во сојузната држава Флорида, како ураган од четврта категорија, објави Националниот урагански центар.

Ураганот предизвика смртоносна бура, со ветрови до 250 километри на час, објави АП.

Силните ветрови кои пристигнаа со ураганот уништија објекти во градот Панама Сити Бич.

Претходно денеска ураганот Мајкл прерасна во ураган од четврта категорија пред да ја погоди Флорида, додека 500 000 луѓе се советуваа да се евакуираат.

„Времето за евакуација по должината на брегот помина”, напиша претходно на социјалната мрежа „Твитер“ гувернерот на Флорида, Ричард Скот, додавајќи: „Ако одлучите да останете во зоната на евакуација, веднаш треба да барате засолниште”.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во цела Флорида, објави „Ројтер“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Брисел: Харадинај грубо го одби предлогот на ЕУ, откажана прес-конференцијата со Могерини и Хан

Објавено пред

Откажана е конференцијата за новинарите на која требаше да се обратат челниците на Европската комисија, Федерика Могерини и Јоханес Хан со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај попладнево во Брисел. Како што информираат извори од Советот на министрите на ЕУ во Брисел, пресот е откажан поради тоа што Харадинај грубо го одбил предлогот на ЕУ за повлекување на царината од 100 проценти за производите од Србија од Босна и Херцеговина за време на состанокот на Советот за стабилизација ЕУ-Косово.

Состанокот, според овој извор, започнал без формално поздравување и ракување.

Ова е втор пат да биде откажана прес-конференција, најавена по состанокот од овој формат, а и на двата состаноци, Рамуш Харадинај ја предводи косовската делегација.

Пред состанокот тој преку писмо посочи дека Косово ги одбива барањата на ЕУ за укинување на таксите. 

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај го одби Брисел: Помина тоа време

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај и формално го одби предлогот на Брисел за привремено укинување на таксите за увоз на прозводите од Србија и Босна и Херцеговина.

„Помина времето кога такви прашања можеа да бидат решени со условувања“, напиша Харадинај до шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Писмото го објави „Газета експрес“, непосредно пред состанокот на косовскиот премиер со бриселските функционери.

„Дваесет години по војната на Косово, десет години по прогласувањето на независноста и пет години по бриселскиот договор, вистина е дека напредокот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија е минимален и всушност целосно е сопрен“, пишува Харадинај.

Тој додаде дека е потребна нова иницијатива за подигнување на дијалогот на ниво на кое клучните прашања ќе бидат вкучени во поширок договор.

Прикажи повеќе...

Свет

Духовен исцелител од Бразил обвинет за сексуална злоупотреба им се предаде на властите

Објавено пред

Еден духовен исцелител од Бразил обвинет дека сексуално злоупотребил над 300 жени, се предаде на властите, пренесува „Еуроњуз“.

Жоао Тешеира де Фарија во саботата беше прогласен за бегалец откако го пропуштил крајниот рок за предавање на властите.

Обвиненијата против него испливаа на површина на почетокот на овој месец кога десетина жени рекоа дека тој ги злоупотребил во неговата клиника. Оттогаш, огромен број жени од Бразил, но и од целиот свет излегоа со слични обвиненија против Фарија.

Духовниот исцелител стекна светска слава кога учествуваше во емисијата на Опра Винфри. Неговата слава делумно се должи и на наводните чудотворни операции што тој тврди дека ги извршил.

Фарија ги одби сите обвиненија против него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Викиликс афера: Димитров се брани на „Фејсбук“, му извадиле стари инфомации

Објавата на тајните документи од страна на Викиликс дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров два пати бил заштитен извор...

Македонија4 часа

(Видео) Сексуалните работници бараат декриминализација на нивната работа

Сите знаат каде можат да купат љубов, но молчат иако тоа е основно човеково право, велат сексуaлните работнички кои денеска...

Македонија5 часа

Српски медиуми: Возачот на автобусот што се преврте кај Лесковац возел со 100 километри на час

Возачот на автобусот што се преврте во Лесковац при што загинаа тројца македонски државјани е приведен, објавија српските медиуми. „Курир.рс“,...

Крвав четврток6 часа

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудиоразговори и 20 фотографии

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат...

Македонија7 часа

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. „Тешко е...

Бегството на Груевски8 часа

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија8 часа

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски8 часа

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа9 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа9 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија10 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет22 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија23 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија1 ден

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија1 ден

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија1 ден

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија1 ден

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Досие