Свет
(Видео) Почина Чарли Вотс, тапанарот на „Ролинг стоунс“
Чарли Вотс, тапанарот кого многумина го сметаа за ‘рбетот на рок-бендoт „Ролинг стоунс“, почина во вторникот на 80-годишна возраст.
Лондонскиот публицист Бернард Доерти соопшти дека Вотс починал мирно во лондонска болница опкружен со неговото семејство. Причината за смртта не е наведена.
„Чарли беше сакан сопруг, татко и дедо, а исто така и како член на „Ролинг стоунс“, еден од најголемите тапанари на неговата генерација“, рече Доерти.
Вотс неодамна најави дека нема да настапува на претстојната турнеја на „Стоунс“ низ САД поради недефиниран здравствен проблем.
Тешко беше да се замисли „Стоунс“ без Вотс, пишуваат медиумите алудирајќи на неговата најава за отсуство, „но никој не помисли дека ова ќе се случи“. Неговиот лесен допир, единствено ритмичко чувство, како што може да се слушне на канонските рок-песни Paint It Black, Gimme Shelter и Brown Sugar, го направија мотор што ја става во погон музиката на „Стоунс“ и еден од најпознатите и најценетие тапанари на сите времиња.
Тивкиот, елегантно облечен Вотс честопати беше рангиран со Кит Мун, Џинџер Бејкер и неколкумина други како врвен рок-тапанар, почитуван ширум светот со неговиот мускулест стил додека „Стоунси“ се издигаа од нивните скромни почетоци до меѓународна суперѕвезда.

На бендот му се придружи во почетокот на 1963 година и остана речиси 60 години, а рангиран е веднаш зад Мик Џегер и Кит Ричардс како најдолговечен и најважен член на култниот бенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

