Свет
(Видео) Шест загинати и тројца исчезнати во невремето во Австралија
Австралиската полиција соопшти дека најмалку шест лица загинале, а три се водат како исчезнати кога силните бури со грмотевици ги погодија источните сојузни држави на Австралија за време на Божиќ оставајќи десетици илјади домаќинства во Квинсленд без струја.
Полицијата на Викторија и Квинсленд ја потврди смртта на шест лица, од кои најмладото е деветгодишно девојче за кое локалните медиуми објавија дека било однесено во поплавен одвод на атмосферска вода.
Полицијата ја продолжи потрагата по две лица исчезнати кога бродот со кој се наоѓале се преврте јужно од островот Грин во близина на Бризбејн. Тие бараат и 46-годишна жена, која беше зафатена од поплавата северно од Бризбејн во Гампи.
Силни грмотевици ги погодија источните држави на 25 и 26 декември носејќи голем град, силен ветер и силен дожд. Реките се поплавија, а силниот ветер однесе покриви и уриваше дрвја во некои од најтешко погодените области.
Метеоролошката канцеларија сè уште има предупредувања за помали поплави во источните држави и се предвидува натамошен дожд.
Државниот дистрибутер „Енергекс“ со седиште во Квинсленд во средата соопшти дека околу 86.000 домаќинства останале без струја по невремето. Компанијата соопшти дека претрпе сериозни оштетувања на својата мрежа со повеќе од 800 исклучени далноводи и се очекува да бидат потребни денови за да им се врати напојувањето на некои корисници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos
Свет
САД: Три наши борбени авиони беа случајно соборени од Кувајт
Централната команда на САД објави дека три американски борбени авиони биле соборени „поради очигледен инцидент со пријателски оган“.
Кувајтската воздушна одбрана погрешно собори борбени авиони F-15E Strike Eagle доцна во понеделник навечер по источно време.
„За време на активните борбени операции, кои вклучуваа напади од ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала, борбените авиони на американските воздухопловни сили беа погрешно соборени од кувајтската воздушна одбрана“, се вели во соопштението.
„Сите шест члена на екипажот успешно се катапултираа, беа пронајдени безбедни и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент и ние сме благодарни на кувајтските одбранбени сили за нивните напори и поддршка во оваа операција.“
Причината за инцидентот е под истрага, според CENTCOM. Авионите учествувале во воена операција против Иран наречена Операција Епски бес.
Министерот за одбрана на Кувајт претходно во понеделник наутро изјави дека се урнале „неколку“ американски борбени авиони.
фото/Depositphotos

