Свет
(Видео) Шефот на американската НРА убил слон од задоволство
Неодамна на интернет се појави видео од Вејн Лапјер, водачот на американската НРА (National Rifle Association), влијателно здружение кое се залага за правото на поседување оружје, на кое се гледа како убива слон во Боцвана.
Видеото, снимено во 2013 година, првпат го објави „Њујоркер“ пред два дена, а на него се гледа како човекот стрела во слон од непосредна близина. Но, дури и со истрели од непосредна близина Лапјер не успева да го усмрти слонот, па друг ловец го прави тоа со последниот фатален истрел.
Снимката предизвика негодување и револт кај здруженијата за заштита на животните.
Би-би-си наведува дека во 2013 година ловот на слонови во Боцвана не бил незаконски, но оттогаш се воведени нови ограничувања. Минатата година Меѓународната унија за зачувување загрозени видови го стави на списокот со загрозени видот слон што го застрела Лапјер.
Ингрид Њукирк, претседателка на здружението ПЕТА, група за заштита на животните, ги осуди снимките и го повика Конгресот на САД да ги прекине сите врски со НРА.
„Во заднина на мачо-позите на луѓето од НРА се кријат исплашени мали луѓе што плаќаат десетици илјади долари за некој друг да пронајде животно, што потоа треба несмасно да го убијат од непосредна близина“, рече Њукирк.
Но, НРА застана до својот водач.
„Снимката покажува нешто што е целосно дозволено и спроведено во согласност со сите правила и прописи“, рече портпаролот на НРА, Ендрју Аруланандам, додавајќи дека ваквиот лов придонесува за локалната заедница и животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

