Свет
Виетнам ќе купи руска вакцина против Ковид-19
Министерството за здравство на Виетнам се пререгистрира за купување руска вакцина против Ковид-19, објави државната телевизија.
„Виетнамското Министерство за здравство се пререгистрира за руската вакцина против Ковид-19. Во меѓувреме, Виетнам ќе продолжи да работи на развивање своја вакцина“, објави државната телевизија во соопштението на Министерството.
Министерството не наведува колку дози од вакцината се нарачани и кога таа ќе биде доставена. Минатиот месец Министерството објави дека сопствената вакцина ја очекуваат до крајот на 2021 година.
Рускиот претседател, Владимир Путин, во вторникот објави дека Русија стана првата земја во која регулаторното тело, по помалку од два месеца тестирање врз луѓето, ја одобри вакцината против Ковид-19 и дека таа е безбедна.
Виетнам успешно се справи со првиот бран на инфекција со новиот коронавирус преку строги карантински мерки и тестирања, но сега се обидува да ја спречи инфекцијата што се појави на неколку места поврзани со популарното одморалиште Дананг.
Таму на 25 јули откриено е ново жариште на инфекција.
Виетнам досега има регистрирано 911 случаи на инфекција и 21 смртен случај од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило
Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на рускиот претседател Владимир Путин.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Русија не понудила никакви уверливи докази за ваквите обвинувања.
„Нема никакви докази, таков напад не се случил“, напиша Сибиха на социјалните мрежи. Тој додаде дека Русија има „долг список на лажни тврдења“, што, како што наведе, е нивна препознатлива тактика. „Често ги обвинуваат другите за она што самите планираат да го направат. Нивните зборови никогаш не треба да се земаат здраво за готово“, порача Сибиха.
Изјавата доаѓа откако Украина остро ги отфрли руските тврдења за наводен напад во Новгородската област. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера тврдеше дека во нападот биле уништени 91 украински дрон, и најави дека Москва ќе ја ревидира својата преговарачка позиција, со порака дека веќе е одлучено како Русија ќе одговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски обвинувањата ги нарече лажни и оцени дека Кремљ со нив подготвува оправдување за нови руски напади. Според неговите зборови, целта на Москва е да создаде изговор за удари врз Киев и државните институции.
„Ако нема скандал меѓу Украина и САД и ако има напредок, тоа за Русија е неуспех, бидејќи тие не сакаат да ја завршат војната“, рече Зеленски, предупредувајќи дека сите мора да бидат внимателни поради можни напади врз главниот град.
Зеленски дополнително порача дека во ситуацијата поактивно треба да се вклучат американскиот претседател Доналд Трамп, неговата администрација и европските сојузници, со цел да извршат притисок врз Москва.
Свет
Зеленски наскоро ќе се сретне со лидерите на ЕУ?
Откако Володимир Зеленски ја напушти Флорида во неделата, каде што разговараше со Доналд Трамп, украинскиот претседател постави временска рамка за тоа што следи.
Тој рече дека целта е да се соберат „сите релевантни актери во наредните денови, а не недели“.
Зеленски додаде дека треба да следи и состанок со европските лидери, а не е исклучено дека тој би можел да се одржи уште денес.
Полската телевизија TVN24 објави дека полскиот премиер Доналд Туск ќе разговара за ситуацијата во Украина со други европски лидери во 11 часот по локално време.
Сè уште не е потврдено со кого точно ќе разговара Туск.
Свет
Кина апелира на смирување откако Русија ја обвини Украина за напад врз резиденција на Путин
Кина се огласи по тврдењето на Русија дека Украина со беспилотни летала нападнала една од официјалните резиденции на Владимир Путин.
Министерството за надворешни работи на Кина ги повика двете страни да се придржуваат до принципот дека војната не смее да се прелева надвор од бојното поле и рече дека не смее да има понатамошна ескалација.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека 91 украински дрон биле соборени во нападот и потврди дека целите и времето на рускиот одговор веќе се утврдени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Русија повторно лаже.
Фото: pexels

