Свет
„Викиликс“: Асанж едвај зборува, префрлен е во затворската болница
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е преместен во болничкото крило на затворот „Белмарш“ во Велика Британија, предизвикувајќи загриженост во врска со неговото здравје во очекување на сослушувањето за неговата екстрадиција во САД, пренесува РТ.
Здравствената состојба на Асанж значително се влоши во текот на речиси седум години што ги помина во Амбасадата на Еквадор во Лондон и продолжи да се влошува во текот на седумте недели што ги помина во „Белмарш“, се вели во изјавата на „Викиликс“.
„Одлуката на затворските власти да го преместат во здравствено одделение зборува за себе”, велат од „Викиликс“, додавајќи дека Асанж многу ослабел и едвај можел да разговара со својот шведски адвокат минатата недела.
Неговиот адвокат, Пер Самуелсон, посочи дека здравствената состојба на Асанж во петокот била таква што не можело да се одржи нормален разговор со него.
Шведска ја отфрли иницијативата на Самуелсон за одложување на сослушувањето за екстрадиција на Асанж иако тој никогаш не бил обвинет за ништо. Шведските иследници никогаш не го интервјуирале Асанж за тврдењата за сексуален напад, што се чини дека беше изговор за екстрадиција во САД во 2012 година и го поттикна Асанж да побара азил во Еквадор.
Прелиминарното сослушување во врска со барањето за екстрадиција на Вашингтон е закажано за денес. САД го обвинија Асанж по 18 точки од обвинението според Законот за шпионажа, кој носи казна до 175 години затвор.
„Случајот на Џулијан е од големо историско значење и ќе биде запаметен како најлош напад врз слободата на медиумите во нашево време “, вели главниот уредник на „Викиликс“, Кристин Храфсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

