Контакт

Свет

Викинзите ги истребиле исландските моржови

Објавено пред

Неодамнешните откритија укажуваат дека исландскиот морж исчезнал од Исланд во одреден момент во текот на 13 век, непосредно по пристигнувањето на викинзите. Заедничките истражувања на дански, норвешки и на исландски научници ги обвинуваат Ноорвежаните за уништување на популацијата на моржот, пренесува НРК.

Нежниот гигант кој со илјадници години бил на врвот на синџирот на исхрана на Исланд станаа предмет на интерес на викинзите поради неговото месо, кожа и бивни.

„Големите морски цицачи можеби биле причината зошто викинзите се преселиле на островот“, вели Аксел Кристоферсен, професор на одделот за историја и археологија и културна историја при Норвешкиот универзитет за наука и технологија.

Исландскиот морж, подвид на својот роднина од Атлантикот, исчезна во 13 век по неколку стотини години ловење. Норвешките доселеници се населиле на Исланд на крајот на 8 век намногу поради моржот.

„Моржовите биле многу важен извор во тоа време. И бивните и кожата биле барана стока. Бивните се користеле, меѓу другото, за украси во црквата, а кожата на моржот се користела за јажиња. Без јажиња, норвешките морепловци не можеле да ги креваат своите едра“, вели Кристоферсон.

Во својата студија истражувачите заклучиле дека ловот на морж во Исланд е најраниот познат пример како економските интереси доведуваат до трајно и неповратно оштетување на морскиот екосистем.

„Ова се многу интересни откритија зашто покажуваат дека кога луѓето доаѓаат на ново место, тие максимално ги искористуваат животинските и природните ресурси“, вели истражувачот Бастијан Стар од Универзитетот во Осло.

Денес, во отсуство на моржовите, фооките се најголемите цицачи на Исланд.

Колонизацијата на Исланд почнала во 874 година кога Инголф Арнарсон станал првиот официјален доселеник. Денес, Исланд има 330.000 жители, од кои повеќето се со скандинавско потекло. Викинзите исто така се заслужни за препознатливиот карпест пејзаж на Исланд бидејќи ги уништиле шумите за дрво и за градежни материјали.

Свет

Меркел прими различни вакцини – прва доза од „Астразенека“, а втора од „Модерна“

Објавено пред

По вакцината на „Астразенека“ во април, германската канцеларка Ангела Меркел сега ја прими вакцината на „Модерна“ како втора доза.

Меркел (66) е вакцинирана пред неколку дена, рече нејзиниот портпарол, пренесува Би-би-си.

Експертите сметаат дека комбинацијата на вакцини против ковид можеби е добра идеја, но рано е да се каже со сигурност.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел примила вакцина од „Модерна“ по првата доза од „Астразенека“

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, примила втора доза од вакцината на „Модерна“, по првата доза од „Астразенека“, соопшти нејзиниот кабинет.

„Да, потврдуваме дека германската канцеларка неодамна ја доби втората доза на вакцина од американската компанија ‘Модерна’, откако прими прва доза од шведско-британската ‘Астразенека’ на 16 април“, соопштил портпаролот на канцеларката.

66-годишната Меркел ја прими вакцината на „Астразенека“ на 16 април, чија употреба беше суспендирана во Германија некое време, откако беа пријавени неколку случаи на згрутчување на крвта во Европа.

Употребата на таа вакцината, која првично ја примија повеќе германски официјални лица, вклучувајќи го и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, во Германија е резервирана за луѓе над 60 години.

Неколку земји, меѓу кои и Германија, одлучија да дадат втора доза на вакцина која ја користи таканаречента технологија на информациона РНК, како што се оние на „Фајзер“ / „Бионтек“ или „Модерна“ и да применат комбинација на вакцини по првата доза од „Астразенека“.

Повеќе од половина (51,2 проценти) од германското население, или 42,5 милиони луѓе, примиле барем една доза на вакцина, а 26,3 милиони, или 31,6 проценти, се целосно вакцинирани, според податоците објавени од институтот „Роберт Кох“.

Прикажи повеќе...

Европа

Ватикан стравува дека италијанскиот закон против хомофобија ќе ги ограничи верските слободи

Објавено пред

Ватикан протестира против италијанскиот нацрт-закон за борба против хомофобијата, наведувајќи дека тој нацрт-закон, во сегашната форма, може да ја ограничи верската слобода на Католичката црква во Италија.

Протестната нота, која за првпат ја објави весникот „Кориере дела сера“ и која ја потврди претставник на Ватикан, била испратена од министерот за надворешни работи на Ватикан на 17 јуни на адреса на италијанската амбасада при Светата Столица.

Протестот е направен поради таканаречениот „закон на Зан“, именуван по Алесандро Зан, законодавецот на Демократската партија, со хомосексуална ориентација. Законот помина во долниот дом на италијанскиот парламент и во моментов се дискутира во комитет во Сенатот.

Ватикан верува дека законот, како што е напишан во моментов, го крши Латеранскиот пакт од 1929 година, кој Ватикан ја утврдува како суверена држава и ги регулира односите меѓу Ватикан и Италија.

Ватикан стравува дека законот, во сегашната форма, може да доведе до криминализација на црквата во Италија поради одбивањето да се склучуваат хомосексуални бракови, спротивставувањето на тоа геј двојките да посвојуваат деца или поради одбивањето да се предава родова теорија во католичките училишта, посочил извор од Ватикан.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Меркел прими различни вакцини – прва доза од „Астразенека“, а втора од „Модерна“

По вакцината на „Астразенека“ во април, германската канцеларка Ангела Меркел сега ја прими вакцината на „Модерна“ како втора доза. Меркел...

Македонија12 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија14 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија15 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија16 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија21 час

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија22 часа

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет22 часа

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет23 часа

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија24 часа

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт1 ден

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија2 дена

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа2 дена

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија2 дена

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ2 дена

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија2 дена

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Досие