Свет
Владата на Бахамите: „Спејс икс“ нема да слетува на нашата земја додека не се процени влијанието врз животната средина

Владата на Бахамите вчера објави дека ги суспендира сите слетувања на ракетите на „Спејс икс Фалкон 9“ на нивната земја во очекување на целосна истрага по лансирањето.
„Нема да се издаваат дополнителни одобренија додека не се разгледа целосната процена на влијанието врз животната средина“, рече директорот за комуникации, Латрае Раминг, во објавата на социјалната мрежа „Икс“.
„Спејс икс“ не одговори веднаш на барањето за коментар.
Во февруари, по првото слетување на „Спејс икс“ таму, владата на Бахамите соопшти дека одобрила уште 19 слетувања оваа година, што е предмет на регулаторно одобрување. Истрагата по лансирањето на Бахамите доаѓа откако вселенското летало „Спејс икс старшип“ минатиот месец експлодира во вселената неколку минути по полетувањето од Тексас.
REENTRADA DE LA STARSHIP ☄️🔥
Desde Puerto Rico, múltiples personas han podido captar partes de la nave #Starship de #SpaceX reingresando a la atmósfera. Coincide con los datos de radar que muestran escombros al norte de la zona 🚀pic.twitter.com/yiEOVpEyOy
— Frontera Espacial (@FronteraSpacial) November 18, 2023
Видеата на социјалните мрежи покажаа огнени остатоци, кои се шират на небото во близина на јужна Флорида и Бахамите. Леталото се распадна во вселената набргу откога почна неконтролирано да се врти со исклучени мотори.
По инцидентот, Бахамите соопштија дека остатоци од леталото паднале во нивниот воздушен простор. Тие исто така изјавија дека остатоците не содржат токсични материјали и дека не се очекува да имаат значително влијание врз морскиот свет или врз квалитетот на водата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.