Свет
Владата на Курдистан во Ирак им ги суспендира платите на 10.000 вработени

Министерството за финансии и економија на Регионалната влада на Курдистан (КРГ) во Северен Ирак вчера им ги суспендира платите на повеќе од 10.000 луѓе што примиле повеќекратни исплати од владата, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Министерството во изјавата објасни дека одлуката засега 10.609 лица, вклучително и пензионери што добивале две или повеќе плати од владата додавајќи дека таа доаѓа во рамките на планот за реформи усвоен од владата.
Досега КРГ им ги суспендира платите на 21.588 лица од истата причина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го приведат.
Полицијата во Франкфурт преку твит соопшти дека ниту една жртва на нападот не е во животна опасност.
Тие не објавија никакви детали за напаѓачот, ниту, пак, кажаа колку лица се повредени.
Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил во близина на главната железничка станица во градот и дека жртвите биле пренесени во блиските болници, пренесува АП.
Свет
Трамп нема да ја напушти Републиканската партија

Претседателскиот комитет на кампањата „Доналд Трамп за претседател“ ги отфрли шпекулациите дека се занимава со заеднички активности за собирање средства со Патриотската партија, основана минатата недела во Џорџија, пренесува „Спутник“.
Комитетот рече дека контактирал со Федералната изборна комисија (ФЕЦ) од загриженост дека јавноста може да биде наведена да поверува дека активностите на Патриотската партија се одобрени од експретседателот или неговата кампања кога тоа не е точно.
На 22 јануари Мајкл Џозеф Гол објави документ до ФЕЦ во кој тврди дека кампањата на Трамп собира средства заедно со Патриотската партија.
„Ние не го поддржуваме овој напор, немаме ништо со тоа и знаеме за тоа само преку јавното известување“, рече портпаролот на Трамп, Џејсон Милер во СМС-порака.
Кампањата на Трамп исто така истакна дека тој не планира да ја напушти Републиканската партија за да формира нова организација. Милер рече дека експретседателот е посветен на реизборот на републиканците на идните избори.
По неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, Трамп навести дека може да се кандидира за претседател во 2024 година.
„Ние се обидуваме да добиеме уште четири години. Во спротивно, ќе се видиме за четири години”, им рече републиканецот на новинарите на прием во Белата куќа во декември 2020 година.
Само еден претседател на САД отслужи два последователни мандати, демократот Гровер Кливленд избран во 1884 и во 1892 година.
Шпекулациите за можно враќање на Трамп се интензивираа во деновите пред инаугурацијата на Џо Бајден, а медиумите објавија дека бизнисменот политичар сака да формира своја партија бидејќи се вознемири зашто некои републиканци одбија да ги поддржат неговите тврдења дека демократите ги местат изборите.
Без оглед дали е вистина или не, неговата судбина сега лежи во рацете на американскиот Сенат бидејќи се соочува со второто судење за импичмент.
Претставничкиот дом ја одобри постапката претходно овој месец со префрлување на процесот во Сенатот. Судењето е закажано на 9 февруари. За да биде осуден, потребно е двотретинско мнозинство. Сенаторите може да гласаат и за забрана Трамп повторно да добие јавна функција.
.
Регион
Во Бугарија 772 нови случаи, 60 лица починаа

Во Бугарија 60 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени е нови 772 случаи на оваа инфекција, меѓу 13.540 тестирани лица. Од почетокот на пандемијата во Бугарија, потврдени се 215.589 случаи на коронавирус, а починале 8.880 лица, пренесува БТА. Има 26.582 активни случаи, од кои 2.822 заразени лица се во болница.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот