Свет
Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите
Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа сенаторот Скот Винер.
„Алабама дозволува таква одлука на 14, Орегон на 15, Род Ајленд и Јужна Каролина на 16 години“, рече Винер, демократ од Сан Франциско, цитиран од АП.
Сенаторот вели дека Калифорнија веќе дозволила децата од 12 години и постари да се вакцинираат против хепатитис Б и хуман папиломавирус (ХПВ) и да лекуваат сексуално преносливи болести, злоупотреба на супстанции и нарушувања на менталното здравје.
„Не е во ред тинејџерите да не може да се вакцинираат бидејќи тоа не го сакаат нивните родители. Да се биде во можност да им се даде на младите луѓе автономен избор за примање вакцини за спасување животи, без оглед на убедувањето на нивните родители, е од клучно значење за нивното физичко и ментално здравје. Не е во ред тинејџерите да не може да се вакцинираат затоа што нивните родители не сакаат“, рече Винер.
Малолетниците на возраст меѓу 12 и 17 во моментот не може да се вакцинираат во Калифорнија без дозвола на родител или старател, освен ако тоа не е вакцина за спречување нексуално преносливи болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

