Свет
Вознемирувачки снимки на заболени од коронавирус го обиколија светот
Вознемирувачки снимки на пациенти како се тресат во ходникот на една од болниците во Вухан го обиколија светот. Станува збор за пациент заразен со озлогласениот коронавирус.
Видеото покажува дека лицето покриено со ќебе неконтролирано се тресе додека една жена му ја држи главата. Вирусот е познат дека предизвикува треска, напади и конвулзии.
Првиот пациент кој заздрави од болеста, исто така, сведочеше дека имал тешки трески со денови пред да биде пренесен во болнички карантин. Другите симптоми се како обичен грип, како што се отежнато дишење и покачена температура, што го прави овој вирус уште потежок за откривање.
Ова е токму причината зошто деновиве има огромни редици во болниците во Вухан. Сите оние кои сакаат да проверат дали се заразени од вирусот, треба да чекаат два дена да бидат прегледани од лекар, така што болниците се преполни, јавуваат локалните медиуми.
Нема доволно простор за оние што би требало да лежат во болницата, за што сведочат бројни снимки слични на оваа, каде што се гледаат заразени пациенти во ходниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

