Свет
Војници на Националната гарда распоредени во Вашингтон нашле стакло во нарачаната пица
Војници на Националната гарда распоредени во главниот град на САД проашле парченца стакло во пицата што им ја доставиле, потврди Пентагон, во време кога протестите против полициската бруталност на национално ниво ескалираат во повици за целосно ослободување од спроведувањето на законот, пренесува РТ.
Речиси 1.500 војници од Јужна Каролина, Индијана, Мериленд и од Тенеси беа испратени во Вашингтон минатата недела како засилување за 1.300 припадници на Националната гарда бидејќи протестите ескалираа во грабежи и подметнување пожари.
Кога двајца војници од Јужна Каролина порачале пица во хотелот „Мериот Маркис“, каде што престојувале, во пицата нашле парченца стакло. Тие не јаделе од пицата и не се повредени, објавија „Чарлстон пост“ и „Куриер“ повикувајќи се на Министерството за одбрана.
Dear @MayorBowser :
Your anti-military rhetoric and actions—including proudly booting out of DC hotels in the middle of the night exhausted soldiers putting their lives on the line to protect our nation’s capital—incites this type of violence. https://t.co/XAuGBz6mlD
— ?? Mike Davis ?? (@mrddmia) June 11, 2020
Двајцата гардисти стапиле во контакт со полицијата во Вашингтон и го пријавиле инцидентот.
„Командата вели дека војниците се добро и дека ова е единствениот инцидент колку што им е познато“, изјави портпаролката на Националната гарда на Јужна Каролина, капетан Џесика Донели, за „Пост“ и „Куриер“.
Таа додаде дека на војниците им било советувано да поднесат полициски извештај. Полицијата во Вашингтон изјави дека сè уште не добила таква пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

