Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп ја паузирал средбата со Зеленски и европските лидери за да му се јави на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин разговарале откако Трамп ја паузирал средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите европски лидери, изјави извор запознаен со случајот за Си-Ен-Ен.
Изворот посочил дека Европејците не биле присутни за време на разговорот.
Eвропски функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека Трамп ги прекинал преговорите со европските лидери и Зеленски за да му се јави на Путин. Веста првично беше објавена од германскиот весник Билд, кој јави дека разговорите со европските лидери продолжуваат по телефонскиот повик со Путин во Белата куќа. Информацијата со свои извори ја потврди и „Ројтерс“.
Свет
Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат, пишува „Си-ен-ен“.
Лидерите остануваат во Белата куќа за да ги продолжат преговорите во поинаков формат, изјави портпаролот на Зеленски, Сергиј Никифоров.
Официјален претставник на Белата куќа, исто така, рече дека мултилатералниот состанок со европските лидери и Зеленски завршил, но не се осврна на тоа дали ќе продолжат со разговори.
Главни теми на средбата беа безбедносните гаранции за Украина и можните чекори кон мировен договор со Русија. Трамп претходно посочи дека очекува брз напредок и дека работи на организирање трилатерална средба со Владимир Путин и Зеленски. Германскиот весник „Билд“ додека траеше состанокот објави дека Трамп го паузирал за да телефонира кај рускиот претседател, иако тој разговор беше најавен по завршувањето на средбата.
Свет
(Видео) Трамп на вклучен микрофон: „Путин сака да склучи договор со мене, колку и да звучи лудо“

Пред почетокот на состанокот со лидерите на ЕУ и НАТО во Вашингтон, на вклучен микрофон случајно беше снимен доверлив разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон.
„Мислам дека сака да направи договор“, се слуша како му шепоти Трамп на Макрон. „Мислам дека сака да направи договор со мене, го разбираш ли тоа? Колку и да звучи лудо“.
Trump on a hot mic on Putin: “I think he wants to make a deal for me. Do you understand? As crazy as it sounds.” pic.twitter.com/lshkxtJ3Qm
— Aaron Rupar (@atrupar) August 18, 2025
Во истиот разговор, Трамп спомнува и идеја за организирање трилатерален состанок меѓу него, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски – нешто што веќе го зборува и во јавните настапи.
Трамп на средбата со Путин во Алјаска пред само неколку дена не успеа да договори прекин на огнот, но најави дека ќе работи на директен мировен договор кој може да вклучува и територијални компромиси.
Истовремено, Трамп денес ја отфрли можноста да го услови мировниот процес со прекин на непријателствата, инсистирајќи дека „решението е можно и без формален прекин на огнот“. Тој, сепак, изрази подготвеност да поддржи безбедносни гаранции за Украина – нешто што, претседателот Путин веќе го прифатил.