Свет
Во Иран почна третиот бран на коронавирус
Третиот бран на коронавирус почна на територијата на иранската провинција Техеран, изјави шефот на иранскиот кризен штаб, Алиреза Зали.
Властите побараа од Зали повторно да воведат рестриктивни мерки.
„Во писмото до министерот за здравство побаравме повторно воведување ограничувања со цел да се сузбие вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома“, рече Зали, пренесува ТАСС.
Тој забележа дека поминало многу малку време помеѓу вториот и третиот бран.
Во последните денови, бројот на нови случаи на коронавирус повторно се зголеми во Иран, така што во последните три дена дневниот број на новоинфицирани лица надмина 3.000 двапати.
На 15 јули Иран официјално објави дека е во тек вториот бран на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

