Контакт

Свет

Во Иран уапсен опозициски лидер обвинет за тероризам

Објавено пред

Иранските власти соопштија дека го уапсиле лидерот на малку познатата опозициска група, Собрание на иранското кралство со седиште во Калифорнија, Џамшид Шармад, за наводно планирање на смртоносниот напад врз џамијата во Шираз во 2008 година во кој загина 14 и беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Министерството за разузнавање тврди дека оваа организациска група планирала и други напади низ Иран во екот на влошувањето на односите меѓу Техеран и Вашингтон, кога САД се повлекоа од меѓународниот ирански нуклеарен договор, известува АП.

Засега не е јасно како иранските разузнавачки служби успеале да го извршат апсењето на Шармад.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Нов Зеланд збунет за потеклото на вирусот, можно е да дошол на пакувања со замрзната храна

Објавено пред

Официјални претставници во Нов Зеланд испитуваат дали новите случаи на Ковид-19, регистрирани во земјата по повеќе од три месеци, се резултат на вирус кој пристигнал преку увезени пакувања со замрзната храна, а во земјата се воведени строги мерки за борба против ширењето на короната.

Откривањето на четворица заразени членови на семејство од Окленд, по 102 дена без вирус во земјата, ја поттикна премиерката Џасинда Ардерн брзо да воведе нови строги ограничувања за движење во најголемиот град во Нов Зеланд и ограничувања за патувањата низ целата земја.

Двајца членови од заразеното семејство посетиле туристички места јужно од Оклаед, оддалечени со околу три часа возење, додека веќе имале симптоми, а третиот отишол да работа во финансиска фирма во Окленд, исто така со симптоми на заболувањето.

Повеќе од 200 луѓе се идентификувани како блиски или случајни контакти, а здравствените службеници се подготвуваат да тестираат десетици илјади луѓе во наредните денови.

Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти во земјата кои се убедени дека во Нов Зеланд немало локално пренесување на вирусот веќе 102 дена и дека семејството не патувало во странство.

„Напорно работиме за да собереме сите делови од сложувалката за тоа како се заразило ова семејство“, рече раководителката на здравствениот систем во Нов Зеланд, Ешли Блумфилд.

Спроведените тестови ја откриле можноста за потенцијален увоз на вирусот преку замрзната храна.

Блумфилд рече дека во тек е тестирање на работните површините во магацин за разладување во Окленд, каде работел човек од заразено семејство. Инфицираниот маж веќе неколку дена е на боледување, а сите вработени се испратени дома.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија побара помош од ЕУ за заштита на работните места

Објавено пред

Словенечката влада аплицираше за финансиска поддршка преку инструментот SURE за програми за заштита на работните места вредни вкупно 1,1 милијарда евра.

Инструментот SURE е една од трите безбедносни мрежи во вредност од вкупно 540 милијарди евра и е наменет за зачувување работни места во компаниите и земјите членки на ЕУ преку поволни заеми, пишуваат словенечките медиуми, пренесува агенцијата Хина.

Во барањето за финансирање од тој извор, Словенија изјави дека добиените средства ќе ги искористи за мерки за субвенционирање на чекање за работа и работа со скратено работно време, за финансирање на основните приходи и за ослободување од плаќање придонеси на самовработени во микро претпријатија и за слични случаи.

Инструментот SURE треба да започне да функционира откако сите членки на ЕУ ќе обезбедат гаранција за заеднички заем, а истиот треба да биде достапен до крајот на 2022 година, а во случај кризната состојба да продолжи или да се повтори уште подолго.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Американците ќе мора да учат кинески ако победи Бајден

Објавено пред

Американците ќе треба да учат кинески ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во радиоинтервју за конзервативно ориентираниот новинар Хуго Хевит, тој зборуваше за себе во трето лице еднина, пренесува „Си-ен-ен“.

„САД ќе бидат во сопственост на Кина ако Трамп загуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. Вие ќе мора да научите кинески”, рече Трамп.

Односите меѓу САД и Кина се во средиштето на предизборната кампања на републиканецот Трамп и демократот Бајден. Трамп ја обвини Кина за ширење на коронавирусот и прикривање информации за вирусот, а неговата администрација повлече неколку потези што доведоа до тензии во односите со Кина, пишува „Си-ен-ен“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија18 минути

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет1 час

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти за првпат прогласија општ карантин, откако еден граѓанин кој е позитивен на коронавирус бил во близок контакт со...

Свет1 час

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека рече дека има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирус во Русија...

Свет2 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија2 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија17 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија17 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа17 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија17 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија18 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија20 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија20 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија20 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија22 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет23 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија23 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ23 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет1 ден

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Досие