Контакт

Свет

Во Москва уапсен Русин кој ѝ префрлил околу 800.000 долари на ИД

Објавено пред

Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Рускиот истражен комитет притвориле 26- годишен руски државјанин кој ѝ префрлил најмалку 50 милиони рубли (770.000 американски долари) на терористичката Исламска држава, пренесува ТАСС.

Центарот за односи со јавноста на ФСБ рече дека притвореното лице е Георги Гајев од рускиот регион Северна Осетија-Аланија.

„Според истражителите, во периодот од јануари 2015 до мај 2019 осомничениот собирал средства преку банкарски картички и обезбедувал финансиски услуги за Исламската држава, како и за основачот на Исламските фондации, Мухаџирун Израил Ахмеднабиев, познат и како Абу Умар Саситлински“, додаде Истражниот комитет.

Според ФСБ, собраните средства биле претворени во готовина во странство и испратени за заговор и финансирање злосторства поврзани со тероризам.

Регион

Грчката опозициска Нова демократија води пред Сириза во пресрет на изборите за ЕП

Објавено пред

Во пресрет на изборите за Европскиот парламент и локалните избори во Грција на 26 мај, најголемата опозициска партија во оваа земја, Нова демократија, ја задржува предноста над владејачката Сириза од 6,5 отсто, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Во анкетата објавена од грчкиот весник „Та Неа“, 30 отсто од испитаниците ги поддржуваат конзервативците, додека 23,5 отсто ја поддржале владејачката партија Сириза.

Според податоците од истражувањето, сојузот од левиот центар Движење за промени е поддржан од 6,6% од испитаниците, пред екстремната десница Златна зора со 6,3 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,9 проценти.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 63,4 отсто од испитаниците изјавиле оти очекуваат Нова демократија да победи на изборите што ќе се одржат за помалку од една недела, само 17 отсто сметаат дека ќе победи Сириза, додека дури 56,9 отсто од испитаниците велат дека негативно гледаат на актуелната грчка влада, во споредба со 36,3 проценти кои велат дека позитивно ја оценуваат нејзината работа.

Резултатите од изборите за Европскиот парламент и локалните избори што ќе се одржат в недела во Грција се моќен показател за политичките партии во земјата, со оглед на тоа што парламентарните избори ќе се одржат на есен односно во октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Саудискиот товарен брод се укотви во пристаниште во Италија и покрај протестот

Објавено пред

Еден товарен брод на Саудиска Арабија, кој наводно пренесува оружје што може да се користи во конфликтот во Јемен, се укотви во италијанското пристаниште Џенова, иако пристанишните работници протестираа.

Според планот, бродот под саудиското знаме треба да добие дополнителен товар во италијанското пристаниште, а потоа ќе се упати кон саудиското пристаниште Џаде, објави агенцијата АП.

Пристанишните работници протестираа и носеа транспаренти „Стоп за трговијата со оружје, војна на војната”.

Во тек се разговори помеѓу синдикатите на работниците и претставниците на пристаништата во врска со товарот што треба да биде префрлен на товарниот брод.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Скандал ја тресе австриската влада, Курц учествувал во оргии во наркоманска соба

Објавено пред

Хајнц Кристијан Штрахе, заменик на австрискиот премиер Себастијан Курц, во саботата ја понуди својата оставка со цел да се спречи распадот на коалициска влада составена од конзервативната Народна партија на канцеларот и Партијата на слободата (ФПО) на Штрахе. Но, Курц сепак ја распушти владата и најави нови избори кои треба да се одржат во „најкраток можен рок”.

Сè започна откако „Дер шпигел“ објави снимка снимена на 24 јули 2017 година во луксузна вила на Ибица. Во вилата се Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, двајцата од FPO, десно-популистичката Партија на слободата на Австрија.

Тие се сретнаа со девојка која се претстави како внука на рускиот олигарх Игор Макарова. Тој е сопственик на „Арети холдинг“ и се занимава со продажба на гас и нафта. Неговото богатство се проценува на 2 милијарди евра, и работи со друг олигарх во Виена, пишува OE24.

Средбата започнала со аперитив на тераса и продолжила со вечера, шампањ, туна и суши. Подоцна друштвото преминало во дневната соба каде што продолжиле да пијат. Девојката рекла дека е подготвена да инвестира руски пари во Австрија. Штрахе почнал да ѝ објаснува како се финансира нивната партија. Тој рекол дека постојат богати луѓе кои ѝ даваат на партијата и до два милиони евра, но дека парите не ги уплаќаат на сметка на партијата туку во здружението за да се избегне контрола на државната ревизија.

Во саботата беше објавен уште еден исечок од видеото што трае вкупно шест часа. Во тој исечок Хајнц Кристијан Штрахе вели дека има информации за сексуални оргии на Себастијан Курц, сегашниот канцелар, во тајни наркомански простории.

По овој скандал, опозицијата бара оставки и од други министри на ФПО во владата.

Канцеларот Курц за „Билд“ изјави дека е „шокиран и потресен од видеото”.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија43 минути

Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа...

Македонија2 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на...

Европа3 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион3 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech3 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа21 час

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија23 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија23 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие