Свет
Во Нагорно-Карабах пронајдени тела на 22 ерменски војници

Спасувачките екипи кои работат во службите за итни случаи во Нагорно-Карабах пронашле 22 ерменски војници, чии тела биле отстранети од локациите каде што имаше воени операции.
„Спасувачки екипи ги отстранија телата на 22 војници од Гордајиз, Џебраил и Ишхандазор“, се вели во соопштението од Министерството за вонредни состојби на Нагорно-Карабах, чија содржина ја пренесе агенцијата „Тасс“.
Во Нагорно-Карабах од 9 ноември на сила е примирје, а руските мировници го следат спроведувањето на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
УНХЦР бара да прекине насилството врз бегалците долж границите на Европа

Загрижени од зачестените протерувања и неформални враќања на бегалци и баратели на азил на европските копнени и морски граници, УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, ги повикува земјите да ги истражат и прекинат овие практики.
„УНХЦР добива постојани извештаи за европски земји кои го ограничуваат пристапот до азил, враќајќи луѓе откако пристигнале на територијата или територијалните води и употребувајќи насилство врз нив на границите,“ изјави помошник-високиот комесар за заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс.
„Неформалните враќањата се одвиваат на насилен и очигледно систематичен начин. Чамците со бегалци се влечени наназад. Луѓето, штом стигнат на копно, се собирани и потоа враќани на море. Многумина пријавуваат насилство и злоупотреби од страна на државните сили.“ Исто така, лицата кои пристигнуваат по копнен пат се неформално притворани и насилно враќани во соседни земји без да се земе предвид нивната потреба за меѓународна заштита.
Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Европската конвенција за човекови права и законите на ЕУ бараат од земјите тие да ги заштитат правата на лицата кои бараат азил и заштита од враќање, дури и ако влезат по нерегуларен пат. Властите не можат по автоматизам да не дозволуваат влез или да ги враќаат луѓето без да извршат
индивидуална проценка на лицата на кои им е потребна заштита.
„Почитта кон човечките животи и правата на бегалците не е прашање на избор, туку правна и морална обврска. Иако земјите имаат легитимно право да управуваат со своите граници во согласност со меѓународното право, тие исто така мораат да ги почитуваат и човековите права. Неформалните враќања се едноставно незаконски.“
рече Тригс.
„Правото на барање азил е основно човеково право. Пандемијата со Ковид-19 не е исклучок; можно е да се обезбеди заштита од пандемијата и да се осигури пристап до правична и брза постапка за азил.“
УНХЦР јасно ја изрази својата загриженост пред европските држави. Агенцијата за бегалци повикува итно да се истражат наводните прекршувања и малтретирање, кои се засноваат на веродостојни сведоштва и се потврдени од невладините организации, медиумите и извештаи од отворени извори.„Се залагаме за независни национални механизми за мониторирање кои ќе го осигураат пристапот до азил, ќе го спречат кршењето на права на границите и ќе
обезбедат одговорност. Независното мониторирање се предлага и од Пактот на ЕУ и апелираме до земјите-членки на ЕУ да го поддржат“, рече Тригс.
Бројот на пристигнувања во ЕУ продолжува да опаѓа секоја година. Бројот на лица кои пристигнале по воден и копнен пат во 2020 (95.000) е намален за 23 проценти во споредба со 2019 (123.700 лица) и за 33 проценти во споредба со 2018 (141.500).
„Со толку малку пристигнувања во Европа, оваа состојба би требало да е под контрола. Жално е дека прашањето на азил продолжува да се политизира и да создава поделби и покрај ваквите бројки во опаѓање.“ УНХЦР согледува дека одредени земји носат непропорционална одговорност во однос на прифатот на новопристигнати луѓе. УНХЦР ги повикува останатите европски држави да покажат солидарност и да ги поддржат. УНХЦР исто така ги повикува европските земји да ги почитуваат своите постојни заложби за заштита на бегалците со тоа што ќе ги примаат барателите на азил на своите граници, ќе ги спасуваат на море и ќе дозволат нивно префрлање на копно и
регистрација, како и поддршка на новите баратели на азил. УНХЦР е подготвена да им помогне на државите да ги достигнат овие меѓународни обврски во областа на азилот.
Свет
По 14 дена во карантин, СЗО конечно влезе во Вухан

Тимот на СЗО излезе од карантинот во Вухан за да започне со работа на терен за откривање на фактите за потеклото на вирусот што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Истражувачите, кои по пристигнувањето во Кина морале да поминат 14 дена во карантин, биле видени како излегуваат од хотелот и се качуваат во автобусот, но не е познато каде се упатиле.
Мисијата е под политички притисок, бидејќи Кина се обидува да избегне обвинување за наводни грешки во раниот одговор на пандемијата.Главното прашање е каде кинеската страна ќе им дозволи на истражувачите да одат и со кого ќе можат да разговараат.
Свет
Белата куќа бара меѓународна истрага во потеклото на коронавирусот

Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
„Неопходно е да се разбере суштината на прашањето за избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во Кина“, рече портпаролката пред почетокот на теренската истрага од експерти на Светската здравствена организација (СЗО).
Според неа, Вашингтон ќе ја процени веродостојноста на извештајот за истрагата кога ќе биде завршен и ќе користи „информации што биле собрани и анализирани од американските разузнавачки служби“ на таа тема.
Тим од десет меѓународни научници на СЗО пристигна во кинескиот град Вухан во средината на јануари. По периодот на карантин, научниците ќе започнат истрага за потеклото на коронавирусот што првпат се појави во Вухан.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома