Свет
Во нападите во Авганистан загинаа 36 лица, меѓу кои 9 новинари

Во серијата напади во Авганистан загинаа најмалку 36 лица, меѓу кои девет новинари, вклучувајќи го и фотографот на АФП.
Во првиот напад настрадаа 25 лица, а во вториот 11, наведоа тамошните власти. За двата напада во Кабул, одговорност презеде Исламска држава.
Освен смртта на водечкиот фотограф на АФП, Ша Марај, денеска во Авганистан во одделен напад загина и 29-годишниот Ахмад Шах, новинар од авганистанскиот сервис на Би-би-си. Тој бил убиен со огнено оружје во провинцијата Кост, додека се враќал дома.
Првата експлозија во Кабул се случи утрово во дел од градот во кој се наоѓаат американската амбасада и владината зграда. Петнаесет минути подоцна бомбаш самоубиец маскиран во камерман активира бомба помеѓу насобраните новинари, на местото на претходната експлозија. Во нападите се повредени десетици луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија реагира: Санкциите за „Северен тек 2“ се навреда за европскиот суверенитет

Берлин ја потврди својата поддршка за рускиот гасовод и покрај заканата од нови санкции на САД против европските фирми вклучени во проектот, пренесува „Спутник“.
„’Северен тек 2′ ќе биде завршен“, соопшти германското МНР.
„За европската енергетска политика се решава во Европа, а не во САД. Ние отфрламе какви било интервенции и екстратериторијални санкции“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.
Во меѓувреме, Германскиот економски комитет ги осуди санкциите против „Северен тек 2“ и ги нарече навреда за европскиот суверенитет и неприфатливо мешање.
Изјавата доаѓа во услови на најавени санкции од САД против проектот, кои неодамна беа додадени во Законот за овластување за националната одбрана на САД 2020 година. Т.н. закон за заштита на енергетската безбедност на Европа предвидува казнени мерки, односно санкции против компаниите што оперираат со високоспецијализираните бродови со кои се поставуваат цевките за гасоводот под Балтичкото Море.
Меѓу европските компании вклучени во проектот се германските енергетски фирми „Винтершал“ и „Унипер“, француска мултинационална „Енџи“, британско-холандскиот нафтен гигант „Ројал Дач шел“ и австриска енергетска компанија ОМВ.
Германското Министерство за трговија, пак, изрази жалење поради одлуката на американскиот законодавен дом да ги санкционира компаниите поврзани со изградбата на гасоводот. Портпаролката на министерот за економија, Петер Алтмајер, денеска истакна:
„Нашиот став кон екстратериторијалните санкции е јасен: ние ги отфрламе“.
Официјална Москва реагира веднаш со оценка дека станува збор за уште еден обид да се загрози спроведувањето чисто комерцијален проект. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, коментирајќи го законот, рече дека обидите на САД да го загрозат овој проект е пример за нефер конкуренција.
Свет
Шест лица во критична состојба по пожарот на рускиот носач на авиони

Пожарот на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е локализиран, а утврдено е дека причина за огнот е изведување заварувачки работи во првата единица за напојување, соопшти шефот на Обединетата бродоградна корпорација, Алексеј Рахманов.
„Во тој момент се изведуваа работи за замена на единиците за напојување, но искра паднала на подот, каде што имало истурено гориво, по што дошло до пожар“, појаснил Рахманов.
Во инцидентот се повредени 10 лица, од кои шест се во критична здравствена состојба, а само едно е со полесни повреди.
Европа
Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го како безначаен нејзиниот избор за личност на годината според магазинот „Тајм“.
„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.
So ridiculous. Greta must work on her Anger Management problem, then go to a good old fashioned movie with a friend! Chill Greta, Chill! https://t.co/M8ZtS8okzE
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 12, 2019
Тунберг реагира на ист начин како кога во вторникот беше критикувана од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро – го смени својот краток личен опис на „Твитер“ пишувајќи дека е тинејџерка што работи на својот проблем со контрола на гневот и во моментот ужива и гледа добар старомоден филм со другрка.
Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиствата на бразилските домородци во Амазонија.
„Грета вели дека Индијците умреле затоа што го бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на вакво детиште“, рече Болсонаро.
Шведската тинејџерка стана симбол на растечкото движење на млади активисти за животна средина бидејќи таа ги води неделните штрајкови во училиштата во Шведска наречени Fridays for future. Движењето смета дека светските власти не прават доволно во врска со климатските промени, а оттогаш штрајковите со проширија во 100-ина града во целиот свет.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми