Свет
Во немирите во Казахстан загинале 164 лица, меѓу нив и деца
Бројот на загинатите за време на немирите во Казахстан се искачи на 164, јави денеска телевизијата „Хабар 24“, повикувајќи се на податоци на Министерството за здравство.
Според Министерството, во Алмати од избувнувањето на немирите загинале 103 лица. Во регионот Кизилорда загинале 21 лице, 10 лица во областа Жамбил и осум лица во областа Алмати, пренесе руската агенција „Тасс“.
Телевизијата „Хабар 24“ повикувајќи се на податоците од здравствeните власти објави и дека од почетокот на немирите во Казахстан лекарска помош побарале над 2.200 лица.
Од Министерството прецизираат дека вкупниот број на повредени е 2.265. Најголем број се повредени за време на немирите во Алмати – 1.100 лица. Во моментот има 719 лица во болниците низ Казахстан. Од нив, 83 се во тешка состојба.
Меѓу загинатите има и тројца малолетници.
Народниот правобранител во Казахстан ја потврди смртта на двајца тинејџери на возраст од 11 и 15 години, како и смртта на четиригодишно девојче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

