Свет
Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус
Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус.
Здравствените власти соопштија дека во моментот има само еден активен случај на Ковид-19 и дека нема ниту еден пациент во болница, објави локалниот весник „Нов Зеланд хералд“.
Властите од денеска дозволија собири со 100 луѓе.
Министерот за финансии, Грант Робертсон, ги опиша напорите на Нов Зеланд во борбата против Ковид-19 како неверојатно добри.
Во оваа земја отворени се училиштата, бизнисите, кафулињата, рестораните, дозволени се свадби и погреби, но со мерки за физичка дистанца.
Нов Зеланд регистрира 1.504 случаи на коронавирус, 22 смртни случаја и 1.481 излекуван.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

