Свет
Во пожар во училиште во Нигер загинаа 20 деца
Најмалку 20 деца, претежно од предучилишна возраст, загинаа во пожар што избувна во училиште во сиромашна населба во Нигер.
„Има 20 мртви, повеќето од нив мали деца“, рече началникот на противпожарната служба, Бако Бубакар, наведувајќи дека причината за пожарот засега е непозната, пренесе „Ројтерс“.
Училиштето во густо населената област Пајс Бас има околу 800 ученици, вклучително и деца што оделе во градинка. Поради пожарот, децата останале заробени во училницата од трска.
Пожарот, најверојатно, избувнал кај портата на училиштето. Без излез за итни случаи, многумина останале заробени во стихијата и учениците морало да прескокнат ѕид за да се спасат.
Жртвите главно биле деца од предучилишна возраст, соопшти друг официјален претставник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

