Свет
Во првата недела продадени повеќе од 600.000 примероци од книгата „Бес“ за Трамп
Повеќе од 600.000 примероци од книгата „Бес“ на познатиот американски новинар Боб Вудворд беа продадени во првата недела, со што се приклучи на едногодишниот бран на многу успешни книги за американскиот претседател Доналд Трамп.
Издавачката куќа „Симон и Шустер“ денес објави дека книгата на Вудворд ќе има четврто препечатење и дека ќе бидат отпечатени вкупно 1,3 милиони примероци.
Книгата „Бес“ содржи 18 интервјуа на Вудворд со Трамп, вклучувајќи го и февруарското во кое американскиот претседател признава дека е свесен за опасноста од коронавирусот, иако во тоа време ја намали неговата важност во јавноста. Бидејќи е објавена на 15 септември, се наоѓа на врвот на листата на најпродавани книги.
Книгата на Вудворд, кој се прослави со откривањето на аферата „Вотергејт“ во 1974 година, која беше причина за оставката на тогашниот американски претседател Ричард Никсон, сепак не е најбрзо продаваната книга за Трамп оваа година.
Повеќе од 950.000 примероци од книгата на Мери Трамп „Премногу и никогаш повеќе“, во која таа претстави психолошки портрет на нејзиниот вујко, беа продадени првиот ден по објавувањето.
Засега, „Бес“ не ја надмина претходната книга на Вудворд за Трамп – „Страв“, која се продаде во повеќе од милион примероци во првата недела и вкупно два милиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди југот на Мексико
Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Гереро. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 10 километри, соопшти Германскиoт истражувачки центар за геонауки.
Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, објави на социјалната мрежа „Икс“ дека, по разговор со гувернерот на погодената држава, засега нема пријави за посериозна материјална штета.
MEXICO: M6.3 earthquake hits Guerrero region (13:58 UTC Jan 2; depth ~42 km). #sismo #cdmx
Epicenter near Tecpanapa / ~64 km SE of Chilpancingo. Shaking was felt in nearby areas per reports. pic.twitter.com/88iczgc0H5
— GeoTechWar (@geotechwar) January 2, 2026
Таа потврди дека штета не е евидентирана ниту во главниот град, Мексико Сити. Во моментот на земјотресот, претседателката Шајнбаум ја одржувала својата редовна утринска прес-конференција. Откако се активирале алармите за опасност, таа мирно го прекинала обраќањето и се евакуирала заедно со присутните новинари.
Свет
Огнените прскалки на шишиња шампањ најверојатно го запалиле барот: повредените транспортирани во повеќе европски земји на лекување
Во пожарот што избувна во скијалиштето Crans-Montana загинале најмалку 40 лица, а повредени се вкупно 119 лица, од кои 113 веќе се формално идентификувани, соопштија надлежните власти на денешната прес-конференција.
Челникот на локалната власт на кантонот Вале, Mathias Reynard, изјави дека околу половина од повредените се згрижени во болниците во Вале, додека приближно 50 лица се префрлени или ќе бидат префрлени на лекување во други европски земји, во специјализирани центри за третман на изгореници.
Како што информираше Рејнард, веќе е воспоставена комуникација со францускиот министер за здравство и започнати се трансфери на пациенти кон болници во Франција, а швајцарските здравствени власти добиле понуда за помош и од Италија, по што дел од повредените ќе бидат префрлени во северниот дел на земјата.
Заповедникот на кантоналната полиција, Фредерик Гислер, соопшти дека меѓу повредените има 71 швајцарски државјанин, 14 Французи, 11 Италијанци, четири државјани на Србија, еден државјанин на Босна и Херцеговина, како и државјани на Белгија, Луксембург, Полска и Португалија. Повредени се и 14 лица од азиски земји. Во процесот на идентификација, швајцарската полиција соработува со властите на повеќе држави, меѓу кои Франција, Белгија, Полска, Португалија, Србија, Турција, Романија и Филипините. Претходно, портпаролката на Владата, Марија Митева, го потврди присуството и на македонски државјанин во клубот.
Државната обвинителка на кантонот Вале, Beatrice Pilloud, изјави дека истрагата интензивно продолжува и дека според досегашните сознанија, пожарот најверојатно започнал од прскалки, односно бакли, поставени на шишиња шампањ, кои биле приближени до таванот, по што дошло до таканаречен „флешовер“ и исклучително брзо ширење на огнот.
🔴 EN DIRECT
DOCUMENT BFMTV. Incendie mortel à Crans-Montana: une photo prise dans le bar capture le moment du départ de feuhttps://t.co/U1YHJSaDqk pic.twitter.com/NNmxnIQ9KA— BFM (@BFMTV) January 1, 2026
Таа додаде дека се обезбедени видео-снимки и дека се испитани повеќе лица, меѓу кои и двајца француски управители на барот. Како што наведе, ќе се утврдува дали постои кривична одговорност, а доколку тоа се потврди, ќе бидат отворени истраги за предизвикување пожар од небрежност, убиство од небрежност и нанесување телесни повреди од небрежност.
На прес-конференцијата се обрати и началникот на криминалистичката полиција на кантонот Вале, Pierre-Antoine Lengen. Тој изјави дека на идентификацијата на жртвите работат специјализирани судски вештаци, стоматолози и полициски службеници.
Во рамки на постапката, како што посочи, се анализираат отпечатоци од прсти, лични предмети, облека и примероци од ДНК.
Надлежните служби нагласија дека бројките се привремени и може да се менуваат како што ќе напредува процесот на идентификација.
Свет
Зеленски одлучи: Шефот на разузнавањето ќе го замени вториот најмоќен човек во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше Кирило Буданов, директор на украинската воена разузнавачка служба, за нов шеф на Кабинетот на претседателот.
„На Украина во овој момент ѝ е потребен посилен фокус на безбедносните прашања, развојот на Одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и на дипломатскиот колосек во преговорите, а Кабинетот на претседателот пред сè ќе служи за исполнување на тие задачи“, изјави Зеленски.
Овој потег следува по големата кадровска промена на крајот на ноември, кога беше разрешен Андриј Јермак, долгогодишен шеф на Кабинетот на претседателот и еден од најблиските соработници на Зеленски. Разрешувањето се случи во период кога Украина беше погодена од најголемиот корупциски скандал од почетокот на руската инвазија.
Кирило Буданов, 39-годишен генерал-полковник, ја води Главната разузнавачка управа (ГУР) од 2020 година. Под негово раководство, ГУР се разви во една од клучните и најефикасните институции на украинскиот безбедносен апарат.
Буданов во меѓувреме стана едно од најпрепознатливите имиња во Украина, а службата што ја води ужива репутација на една од најкомпетентните државни институции.
Фото: Depositphotos

