Свет
Во пукање пред домот на мексикански кардинал убиен неговиот телохранител
Пред домот на кардиналот Ноберто Ривера Карера во Мексико Сити дошло до престрелка во која е убиен неговиот телохранител, соопштија градските власти, а мотивот за вооружен напад врз резиденцијата на кардиналот и натаму не е познат.
Кардиналот Ривера (76) е градски надбускуп во пензија и влијателна личност во црковните кругови и тој бил во куќата за време на нападот во неделата, но не бил повреден, објави „Ројтерс“.
Престрелката почнала бидејќи човек во воена униформа се приближил до влезот, наводно за да достави пакет, соопшти градскиот обвинител.
Тој човек пукал кон чуварот на влезот во резиденцијата, а други членови на обезбедувањето потоа отвориле оган кон напаѓачот и го принудиле да се повлече.
Чуварот погоден од напаѓачот починал на пат кон болница.
Ривера минатата година замина во пензија, речиси по две децении кога за кардинал беше именуван од страна на папата Јован Павле Втори, потсетува британската новинска агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

