Свет
Во Русија заразени над 700.000 лица, а излекувани над 500.000 пациенти
Во Русија потврдени се 5.848 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, со што вкупниот број заразени достигна 795.038 лица.
Рускиот центар за контрола и превенција на коронавирусот соопшти дека 147 лица ја изгубиле битката со Ковид-19 во истиот период.
Во соопштението се вели дека вкупниот број починати се искачил на 12.892, а во изминатиот ден се излекувани уште 8.277 лица на кои им биле дијагностициран Ковид-19, со што бројот на излекувани достигна 580.330 лица.
Стапката на раст на новозаразени на дневна основа е 0,7 проценти, а 27,7 нови случаи се асимптоматски пациенти.
Службата за јавно здравје соопшти дека биле извршени 296.000 теста во изминатиот ден, а над 26 милиони теста се направени од почетокот на епидемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

