Свет
Во рушевините од зградата во Камбоџа пронајдени двајца преживеани
Во рушевините од зградата кој во саботата се сруши во Сиханоуквиле, Камбоџа пронајдени се двајца преживеани мажи, со што, според последните податоци, во несреќата загинале најмалку 28 лица.
Иако спасувачите веќе загубиле надеж дека ќе најдат преживеани, двајцата мажи биле извлечени од бетонот и металните шипки и биле одвезени во болница. Од рушевините истовремено извлечени се уште три мртви тела.
Премиерот на Камбоџа, Хун Сен, најави инспекција на сите градилишта во туристичкиот град кој стана привлечна атракција за голем број кинески инвеститори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

