Свет
Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи од коронавирус за еден ден од крајот на април.
Во истиот временски период, САД потврдија повеќе од 180.000 нови случаи на Ковид-19.
Бројот на хоспитализирани лица достигна 99.000, што е рекорд од почетокот на пандемијата.
Ситуацијата е особено загрижувачка во неколку држави на средниот запад како Индијана и Јужна Дакота.
По Денот на благодарноста, експертите изразија загриженост дека бројот на заболени ќе се зголеми уште повеќе бидејќи милиони Американци патуваа низ целата земја за да присуствуваат на семејни собири за националниот празник.
Бројот на новозаразени останува на приближно исто ниво, многу висок, како и последните недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија објави зошто некои паметни часовници ќе ги смета за шпионски уреди

Паметните часовници во Русија може да се третираат како специјални технички уреди чиј увоз на територијата на Руската Федерација е ограничен, доколку нивната функционалност дозволува скриено фотографирање и снимање видеосодржини, посочија руските царински власти.
Пратеникот Антон Горелкин побара од агенцијата за безбедност ФСБ и Федералната царинска служба појаснување дали увозот во Русија и купувањето часовници со вградени камери ќе се смета за легално.
Царината одговори дека во специјални технички средства дизајнирани за тајно собирање информациии се вклучуваат и уреди во кои намерно се вградуваат карактеристики што овозможуваат собирање класифицирани податоци.
Уредот, како што велат од руската царина, не се смета за „шпионски“ доколку функциите за фотографирање и снимање видеоматеријали се стандардно наведени во брошурата за производот, леќата на вградената камера не е скриена и има елементи на екранот кои го покажуваат методот на снимање.
„Така, според Федералната царинска служба на Русија, можноста за класифицирање на паметните часовници како специјални технички средства зависи од вградената функционалност и техничките карактеристики на одреден модел. Ако функционалноста и техничките карактеристики на паметните часовници одат во насока на нивно калсифицирање како посебни технички средства, увозот на таквите уреди за лична употреба од страна на поединци е забранет, вклучително и нарачката преку странски интернет-страници“, објаснува руската царина.
Горелкин, пак, има забелешка на ваквите параметри на царината, со објаснување дека еден ист производител може да произведува и легални и нелегални паметни часовници според ваквата класификација.
Претходно, во руските медиуми се појави информација дека камера може да се појави во следната серија на паметни часовници од „Епл“.
Свет
Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Тој исто така изјави дека цело болничко крило со пациенти починало откако тие останале без кислород за дишење, пренесува „Гардијан“.
Гувернерот Лима прогласи полициски час од 19 до 6 часот наутро.
Манаус, најголемиот град во државата Амазон, беше едно од местата најмногу погодени од првиот бран на епидемијата во април минатата година, каде што властите биле принудени да копаат масовни гробници за мртвите, тврди британскиот весник.
„Ние сме во состојба на екстремна катастрофа… како земја која изгубила во војна“, рече тогаш Лима.
Според „Гардијан“, на 22 декември имало 39 погреби во целиот град Манаус, додека во средата е соборен нов рекорд четврти ден по ред, со 198 погреби.
Во саботата имало 130 погреби, 144 во неделата, 150 во понеделник и 166 во вторник, додава лондонскиот весник.
„Овие бројки покажуваат кристално јасно дека сме сведоци на експлозија на смртност од Ковид-19, што е дури и поголема од онаа од првиот бран“, рече Лима.
Извештаите во бразилските медиуми од четвртокот велат дека неколку јавни болници останале целосно без кислород.
Свет
Во Кина најголем број новозаболени од 1 март досега

Официјални лица во Кина објавија најголем број нови дневни случаи на Ковид-19 во последните 10 месеци, а поради тешката епидемиолошка состојба на североистокот на земјата, повеќе од 28 милиони луѓе се во карантин.
Вкупно 144 нови случаи на Ковид-19 се пријавени во Кина во четвртокот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, што е најголема дневна бројка откако 202 случаи се забележани на 1 март минатата година, пренесува „Ројтерс“.
Државната комисија соопшти дека има 135 нови случаи на локални инфекции, од кои 90 се во провинцијата Хубеи во близина на Пекинг, која беше најтешко погодена во последниот бран.
Други 43 случаи се пријавени во североисточната провинција Хеилонгјанг, а провинциите Гуангкси и Шанкси пријавиле по еден нов потврден случај.
Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина сега е 87.988, додека бројот на смртни случаи е непроменет – 4.635.
Новиот бран на Ковид-19 доаѓа во моментот кога тим од истражувачи на Светската здравствена организација (СЗО) пристигнува во Кина за да го утврди потеклото на пандемијата во која досега загинаа речиси два милиони луѓе ширум светот.
Делегацијата на СЗО, која доцнеше со доаќањето поради одбивањето на Пекинг да им дозволи влез во земјата, вчера се соочи и со проблем, бидејќи двајца членови на тимот беа запрени во Сингапур, откако тестовите покажаа дека имаат антитела, додека останатите од делегацијата беа ставени во карантин во Вухан, каде што ќе престојуваат две недели, по што ќе почне истражувањето.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира