Свет
Во светот нови 203.000 случаи на коронавирус
Во текот на изминатиот ден во светот се регистрирани речиси 203.000 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени изнесува 14,76 милиони, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО).
Повеќе од четири илјади лица починале, со што бројот на смртни случаи надмина 612 илјади.
СЗО прецизира дека се пријавени 202.726 нови случаи, што е помалку од претходниот ден кога имало повеќе од 213.600.
Бројот на починати исто така се намалил, со оглед дека претходниот ден имало 5.111.
Најголем број новозаразени се пријавени во Северна и Јужна Америка – 109.052, со што вкупниот број заразени во овие делови од светот е 7.811.175.
САД сè уште имаат најголем број пријавени случаи по што следуваат Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка и Перу.
СЗО објавува официјални податоци добиени од земјите членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

