Свет
Во светот се дадени милијарда дози вакцина против коронавирус
Деведесетгодишната Британка Маргарет Кинан е првата личност во светот што ја прими вакцината против коронавирус на 8 декември минатата годинна. Тоа беше зрак светлина за човештвото на крајот на разорната пандемиска година.
Шест месеци подоцна, светот дојде до бројка од милијарда дадени дози. Кампања за вакцинација без преседан и покрај ретките несакани ефекти, логистичките проблеми и нееднаквостите меѓу богатите и сиромашните, е единствениот глобален излез од пандемијата, пишува „Хина“.
Стравувајќи дека новите варијанти на коронавирусот може да ја намалат ефикасноста на вакцината, светот е во трка да вакцинира што повеќе луѓе пред да биде презаситен од нов бран на болеста што веќе уби три милиони луѓе во светот.
„Во нормални околности потребни се од пет до десет години за да се создаде нова вакцина“, рече во февруари претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. „Ние го сторивме тоа за десет месеци. Тоа е огромен научен успех“, додаде таа.
За да се надмине скептицизмот во јавноста за вакцините, светските лидери, како што се американскиот претседател Џо Бајден, британската кралица Елизабета и папата Франциско, ја примија вакцината, а некои од нив пред камера.
Сепак, распределбата на вакцините останува проблем. Во богатите земји, каде што живее само 16 проценти од светската популација, досега се искористени приближно половина од произведените дози. Во исто време 29-те најсиромашни земји во светот добија само 0,1 проценти од дозите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Започнаа погребите за ученичките убиени во училиште во Иран
Во Иран започнаа погребите за десетици ученички убиени во своите училници на првиот ден од американско-израелското бомбардирање против земјата. Најмалку 168 ученички беа убиени кога американско-израелските воздушни напади го погодија основното училиште за девојчиња „Шаџаре Тајиба“ во јужниот град Минаб во саботата наутро, соопштија ирански власти.
Според иранската државна телевизија ИРИБ, големи толпи ги исполнија улиците на центарот на Минаб утрово, собирајќи се пред сцена на главниот плоштад.
Толпата носеше слики од убиените девојчиња и извикуваше слогани. Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека мајката на едно од девојчињата го критикувала претседателот Трамп, нарекувајќи ги неговите постапки „луди“.
تشییع پیکرهای پاک و مطهر کودکان میناب که در بمباران #آمریکایی_اسرائیلی ترور شدند.
در تاریخ آمریکا هرگز این قتل عام دست جمعی کودکان ایرانی فراموش نخواهد شد. pic.twitter.com/epiPSqfYbn— Saghi (@BBSS_2009) March 3, 2026
Видеата објавени од иранските државни медиуми по нападот покажаа уништено училиште, остатоци од детски торби и книги и вознемирени родители. Спасувачите, заедно со локалните жители, ги пребаруваа урнатините по нападот во саботата.
Училиштето што беше погодено се наоѓа на околу 60 метри од иранска воена база.
Запрашан за нападот, портпаролот на Централната команда на САД претходно рече: „Свесни сме за извештаите и ги истражуваме“.
Свет
Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Индонезија
Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени ја погоди денес индонезиската покраина Ачех, соопшти индонезиската агенција за геофизика.
Агенцијата наведе дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри и нагласи дека нема опасност од цунами.
Свет
Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка
Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран биле „драстично лоша грешка“. Во емисијата „The Weeknight“ на MS NOW, Бренан ги спореди нападите со американската инвазија на Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос.
„Мислам дека ова е втор пат во овој век САД да направат катастрофална грешка со влегувањето во конфликт на Блискиот Исток. Првиот пат беше во 2003 година кога го нападнавме Ирак, што предизвика години и години хаос, насилство и тероризам“, рече Бренан.
„Тоа доведе до подемот на ИСИС и ние сè уште се опоравуваме 20 години од тој хаос. Сега го започнуваме овој голем напад врз Иран, многу голема земја, многу поголема од Ирак“, додаде тој. „Она што го видовме во последните денови е катастрофален напад врз Иран и иранската влада. Иранскиот режим не се откажува и напаѓа блиски цели со сите средства што му се на располагање, без разлика дали се тоа американски бази или арапски држави од Заливот.“
„Сведоци сме на трагична, бесмислена и непотребна загуба на животи. Како што рече сенаторот Ворнер, немаше непосредна закана“, продолжи Бренан. „Мислам дека е јасно дека администрацијата сега измислува приказни за да се обиде да го оправда она што се случува.“
„Она што ми е јасно е дека Бенјамин Нетанјаху, кој долго време сакаше ваков вид воена операција против Иран, успеа да го придобие Трамп и да го вклучи во ова“, заклучи Бренан, кој ја предводеше ЦИА од 2013 до 2017 година.

