Свет
Во силниот земјотрес на јапонскиот остров Хокаидо загинаа најмалку 16 лица
Најмалку 16 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди најсеверниот од големите јапонски острови, Хокаидо.
Ова е последниот баланс од природната катастрофа што ја погоди Јапонија.
Во потрага по преживеани, спасувачи со лопати, со помош на кучиња, ги пребаруваат рушевините откако земјотресот со јачина од 6,7 степени вчера предизвика десетици одрони во кои беа уништени куќи, а луѓето во нив, затрупани.
Во Ацуми, град со околу 4.600 жители, 26 лица сè уште се водат за исчезнати, објави АП.
Официјални лица вчера изјавија дека најмалку 366 лица се повредени за време на земјотресот, вклучувајќи и петмина посериозно, додека околу 30 лица се водат за исчезнати.
Најмалку 2.400 луѓе се однесени во повеќе од 300 центри за евакуација отворени низ целиот остров, објави агенцијата „Кјодо“.
Земјотресот, со епицентар во близина на главниот град на покраината, Сапоро, го разбуди населението на островот вчера во 03:08 по локално време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

