Свет
Вработен во кафетерија во Белата куќа е позитивен на коронавирус

Официјални лица на американската администрација беа предупредувани дека вработен во кафетеријата во Белата куќа е тестиран позитивно на коронавирусот, пренесува Си-ен-ен.
Како што е наведено, кафетеријата е привремено затворена, а во е-пошта испратена до вработените се наведува дека ризикот од пренесување на вирусот е мал поради мерките на претпазливост што биле применети, односно носењето ракавици и маски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Исланд почна да издава потврди за вакцинација со цел да се олесни патувањето

Исланд почна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние што се заштитиле од Ковид-19, соопштија денеска тамошните власти.
Речиси 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле по две дози од вакцината против Ковид-19 и добиле потврда на платформата достапна на интернет од минатиот четврток, изјави исландската министерка за здравство за „Франс прес“.
Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите иако исландскиот сертификат во моментот важи само за патувања во таа островска држава.
Исланд планира да прима граѓани на земјите од ЕУ кои ќе почнат сличен механизам или ќе го преземат механизмот што би бил воспоставен од Светската здравствена организација (СЗО).
Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во шенген-зоната за слободно движење, што е ограничена со мерките за борба против коронавирусот.
Расправата за т.н. ковид-пасоши, што ќе го олеснат патувањето, во моментот е тема на дебата во рамките на ЕУ, но прашањето е далеку од консензус.
Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на својот туристички сектор, но од друга страна, Франција и Германија сметаат дека е прерано за ваква дебата.
Европа
Русија следниот месец ќе почне со производство на втората вакцина против Ковид-19

Русија во февруари ќе почне со масовно производство на својата втора вакцина против Ковид-19, најави денеска премиерот Михаил Мишустин откако минатата недела земјата почна масовна кампања за вакцинација.
„Следниот месец ќе почнеме со масовно производство на вакцината ‘епивакорона’“, рече Мишустин на состанок пренесуван на телевизија додавајќи дека руската влада издвоила околу 21,8 милион евра за оваа намена.
По „спутник В“, ова ќе биде втора руска вакцина против Ковид-19, респираторна болест од која досега починаа повеќе од 2 милиона луѓе во светот.
Новата вакцина беше регистрирана во Русија во октомври, а е изработена од лабораторијата „Вектор“ во Новосибирск. За време на Советскиот Сојуз оваа лабораторија тајно истражувала биолошко оружје и чувала примероци од разни вируси, од вариола до ебола.
Владимир Путин во понеделникот изјави дека епидемиолошката состојба во земјата се движи кон стабилизација бидејќи Русија првпат од почетокот на ноември пријавила помалку од 20.000 нови инфекции на ден.
Официјалните податоци, кои се ажурираат секојдневно, покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Русија 3.756.931 лице биле заразени од коронавирус, од кои 70.482 починале.
Европа
Холандски министер за нередите во земјата: Тие луѓе се џган, полицискиот час останува

Холандската влада соопшти дека нема да ја повлече својата одлука за полициски час за борба против пандемијата на Ковид-19 и покрај немирите што ја потресоа земјата од неговото стапување во сила во саботата вечерта.
„Не може да се капитулира пред луѓе што кршат излози“, рече министерот за финансии, Вопке Хоекстра, цитиран од холандската новинска агенција АНП. Тој оцени дека за немирите не се виновни легитимните демонстранти, туку насилен џган.
Холандската полиција денеска објави дека уапсила најмалку 184 лица за учество во насилните немири што траат трета ноќ по ред и се најлоши во последните четириесет години.
Најмалку десет полицајци се повредени во последните судири со бунтовниците што ограбиле продавници и запалиле автомобили во неколку градови во земјата, меѓу кои и Ротердам, Амстердам и Хаг.
Министерот за правда, Ферд Граперхаус, исто така за АНП изјавил дека владата нема да се откаже од мерката велејќи дека е неопходен полициски час за борба против новиот вид коронавирус.
Немирите почнаа веднаш по воведувањето полициски час, прва ваква мерка во земјата по Втората светска војна.
Повеќето жители на Холандија го почитуваат полицискиот час за време на кој граѓаните не смеат да ги напуштат домовите од 21 до 4.30 часот, пишува агенцијата „Франс прес“.
Премиерот Марк Руте во понеделникот го осуди криминалното насилство велејќи дека тоа е неприфатливо и дека 99 проценти од Холанѓаните ги поддржуваат ограничувањата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот