Контакт

Свет

Врховниот суд на Индија: Загадувањето на воздухот го претвори Делхи во гасна комора

Објавено пред

Врховниот суд во Индија соопшти дека зачудувачки слабиот квалитет на воздухот во Њу Делхи е сличен на гасна комора што ги задушува жителите и ги критикува градските власти и локалните земјоделци за нивната неактивност во врска со кризата, пренесува РТ.

Со оглед на тоа што квалитетот на воздухот во главниот град на Индија се влошува од година на година, на сослушувањето во понеделникот врховните судии рекоа дека живеењето сега е полошо од пекол и побараа одговор зошто властите не прават повеќе за решавање на проблемот.

„Ако се создаде ваква состојба во главниот град на земјата, како ќе преживее народот? Како ќе стане земјата глобална суперсила ако не сте во можност да ги проверите овие работи“, прашаа судиите издвојувајќи го главниот секретар во државата Пенџаб, Шри Каран Автар Синг.

Судот предупреди дека земјоделците во државите Пенџаб, Харајана и Утар Прадеш ја продолжуваат практиката на палење стрништа за да се подготват за следната сезона. Додека процесот е поевтин од другите методи, како што е плевењето со рака, тоа во голема мера придонесува за загадувањето на воздухот во Индија и во моментот е забрането со закон.

„Дали ова треба да се толерира? Зар ова не е полошо од внатрешната војна? Зошто се луѓето во оваа гасна комора? Ако е така, тогаш подобро докрајчете ги со експлозив. Ако продолжи вака, тогаш подобро е да нè нема отколку да страдаме од болести, како што е карцином“, велат судиите.

Додека главниот секретар на државата Харајана, Ананд Арора, тврди дека неговиот регион го намалил палењето на стрништата за 65 отсто, судиите го обвинија дека лажел пред судот посочувајќи дека виделе сателитски снимки кои покажуваат дека палењето продолжува.

Судот исто така ги обвини локалните власти дека играат префрлање на вината велејќи:

„Вие го политизирате прашањето за загадувањето. Не смеете да дозволите луѓето да умираат на овој начин“.

 

Свет

Еврејска група ја осуди аукцијата на говорите на Хитлер во Германија

Објавено пред

Видна европска еврејска организација жестоко ја критикуваше одлуката на една аукциска куќа во Минхен да продаде неколку рачно напишани белешки за говорот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, велејќи дека тоа им пркоси на логиката, пристојноста и хуманоста за да ги пласира на пазарот, пренесува Асошиејтед прес.

Рабинот Менахем Марголин, лидер на Европската еврејска асоцијација со седиште во Брисел, рече дека претстојната продажба на ракописите е особено загрижувачка поради неодамнешните бројки кои покажуваат зголемен антисемитизам во Германија и може да ги охрабри неонацистите.

„Не можам да ја сфатам неодговорноста и нечувствителноста, во таква налудничаба атмосфера, за продажба на предмети како што бесмислиците на најголемиот убиец на Евреите во светот на купувачот со највисока понуда. Ваквите аукции помагаат да се легитимизираат почитуваќите на Хитлер кои живат од вакви работи “, рече тој во изјавата.

Понудените белешки од говорите, кои датираат од пред Втората светска војна, се насочени кон нацистичките партиски организации и соработници на различни функции и се однесуваат на подготвување на Германија за војна и за еврејскиот проблем, вели Бернхард Пачер, директор на аукциската куќа „Херман хисторика “ која ги понуди на продажба во петок.

Тој ја бранеше продажбата, велејќи дека трудовите припаѓаат во некој музеј или во рацете на истражувачи како историски документи.

„Ова се рачно напишани белешки од Адолф Хитлер со кои, ако го анализирате она што го напишал, можете да докажете дека тој јавно зборувал за војна, за решавање на еврејскиот проблем “, изјави Пачер.

„Ако ги уништиме овие работи и тие не одат во музеј за експертите да работат на нив, ќе им го препуштите толкувањето на она што се случуваше на десничарските нацистички апологети, кои ќе речат дека Хитлер никогаш не го рекол тоа. Човекот ги подготвуваше Германците дека ќе има војна, а оние што не сакаа да го видат тоа, беа тотално слепи – сето тоа го пишува таму “.

Аукциската куќа во минатото се најде на удар на критики за продажбата на предмети од нацистичката ера и тврди дека многу се потрудила да се осигура дека тие нема да бидат продадени на неонацисти, посочувајќи дека обично ги купуваат музеи и истражувачки институции.

Во 2016 година, таа понуди аукција на една од униформите на Хитлер за 275.000 евра, а претходно продаде машина за пишување и десетици други предмети во сопственост на нацистичкиот лидер.

Минатата година еден швајцарски магнат за недвижнини роден во Либан ги купи капата на Хитлер, посребрено издание на „Мојата борба“ и други предмети што ги понуди аукциската куќа за да ги задржи подалеку од рацете на неонацистите, и ги донираше на една еврејска група.

Аукциската куќа се занимаваше и со многу други предмети во сопственост на познати историски личности, вклучително и посребрената и позлатена четка за заби на Наполеон Бонапарта, сабјата што му припаѓалана британскиот поморски херој, адмиралот Хорацио Нелсон, и меч што некогаш му припаѓал на славниот италијански заводник Џакомо Казанова.

Марголин го нарече ланскиот потег на бизнисменот „чудо“, но рече дека не можеме секогаш да се надеваме на чуда и ја повика аукциската куќа да ги повлече говорите од претстојната продажба.

Почетните цени на белешките за говорот се движат помеѓу 2.500 евра и 7.500 евра, што Пачер рече дека може да биде пречка за да бидат купени од десничарски екстремисти.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Објавено пред

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за „Вашингтон пост“.

Јакобсдотир зборуваше за влијанието на пандемијата врз туризмот, кога нејзината куќа почна да се тресе, што видно ја потресе премиерката на Исланд, пренесува Си-Ен-Ен.

„Извинете, само што имаше земјотрес“, рече Јакобсдотир.

Набрзо потоа се насмеа и додаде:„Па, ова е Исланд“.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера погоди област на 10 километри југозападно од Хафнарфјордур, крајбрежен град во близина на главниот град Рејкјавик, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.

Прикажи повеќе...

Европа

Половина милион луѓе во Романија остануваат без работа, се затвораат повеќе од 300 000 компании

Објавено пред

Тешките економски мерки поради коронавирусот може да значат дека повеќе од 500 000 луѓе во Романија ќе останат без работа.

Исто така, над 300 000 компании би можеле да отидат под стечај или да банкротираат, пренесува „Аџепрес“.

Ефектите од економските тешкотии, како за вработените, така и за сопствениците на деловни активности, може да се почувствуваат следната година.

Според официјалните податоци, до 28 август Романија привлече 12,8 милијарди странски капитал во периодот од 2014 до 2020 година од Европската инвестициска програма, објави Европската комисија.

Што се однесува до тој шестгодишен период, Романија може да има бенефит од буџетот на ЕУ од 36,7 милијарди евра помош, што ја прави шеста земја во Унијата што добива најмногу пари од европскиот буџет за инвестиции.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија41 минута

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 час

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија3 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија3 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион4 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет4 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија5 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет6 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија6 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет6 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет6 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија7 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион18 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет18 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија20 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија20 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија22 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија1 ден

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Досие