Контакт

Свет

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Објавено пред

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја надминаa Кина на првото место по бројот на најмногу регистрирани случаи.

Од вкупно 531.000 случаи на инфекција, повеќе од 60.000 се потврдени во последните 24 часа, а повеќето од 2,5 илјади нови смртни случаи во 59 земји ја зголемија вкупната бројка на смртни случаи на 24.000, покажуваат бројките на „Ројтерс“, кои агенцијата ги објави рано во петокот.

Ова го прави четвртокот најсмртоносен ден од избивањето на пандемијата на коронавирус, при што Шпанија и Италија објавија по 700 смртни случаи за 24 часа.

Околу една третина од новопријавените случаи на инфекција за забележани во САД, каде се тестираат сè повеќе луѓе. Во последните 24 часа откриени се 17.000 заразени, а починале 281, што e најголема дневна бројка откако се појави вирусот во оваа земја.

Кина, која најави затворање на границата за странците почнувајќи од сабота, објави за пет смртни случаи и 55 инфекции, додавајќи дека станува збор за увезени случаи, со исклучок на два.

Ова е намалување во однос на 67-те нови случаи во Кина кои беа регистрирани претходниот ден. Во најнаселената земја во светот, бројот на заразени лица се искачи на 81.340 од почетокот на епидемијата, со 3.292 смртни случаи.

Најголема грижа за кинеските здравствени власти сега се т.н. увезени случаи на зараза, претежно од кинески државјани кои се враќаат од странство.

Европа

Во пукање во Лондон повредени четири лица, меѓу нив и дете

Објавено пред

Четири лица, меѓу кои и едно дете, биле застрелани во средата доцна навечер во северен Лондон, пренесува „Ројтерс“. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Сите четворица повредени се однесени во болница, а за настанот сè уште никој не е уапсен. Во тој дел од Лондон моментно на сила е одлука според која полицијата може да запре и да пребарува луѓе.

Полицијата ги повика сведоците на настанот да пријават детали кај дополнителните патроли ангажирани во таа област.

Прикажи повеќе...

Свет

Џорџ Флојд имал коронавирус

Објавено пред

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-Ен-Ен.

Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека ПЦР тестот бил направен за време на обдукцијата и дека тој може да покаже позитивен резултат и неколку недели по заблувањето со Ковид-19.

Тој додал дека Флојд веројатно бил асимптоматски случај, па вирусот немал улога во неговата смрт, а веројатно не можел ниту да ја пренесе болеста.

Флојд беше убиен при апсење во Минеаполис минатата недела. По објавувањето на видеото на кое се гледа како полицаец со нога го притиска Флојд на земја сè додека не изгубил воздух, низ САД и Европа почнаа протести.

Независна истрага потврди дека Флојд починал од задушување, а полицискиот службеник Дерек Шовин е обвинет за неговата смрт.

Прикажи повеќе...

Свет

Над 6,5 милиони заболени во светот – бројот на излекувани го надмина бројот на заболени

Објавено пред

Бројот на заразени од коронавирус во светот денес надмина 6,5 милиони, но речиси половина од нив, поточно 3,1 милиони луѓе, се излекувани.

Според податоците на веб-страницата Worldometers, 6.414.023 луѓе во светот се заразени од коронавирусот, а 3.100.971 пациент се излекувани.

Бројот на активни случаи е 3.028.410, а од нив 54.243, што е околу два процента, се во сериозна состојба.

Најтешка е состојбата во САД, каде што се разболеле повеќе од 1,8 милион луѓе, а починале 108.567. На второ место по бројот на заразени е Бразил, со повеќе од половина милион пациенти, поточно 560.737, а Русија е на третото место со 432.227 случаи. Следуваат Шпанија со 287.012 заболени, Велика Британија со 279.856 заразени, Италија со 233.836 пациенти и Индија со 216.429 заразени.

Во другите земји има помалку од 200.000 заразени.

По САД, Велика Британија има најголем број смртни случаи – 39.728, а Италија е на третото место со 33.601 жртва. Бразил има 31.417 починати, а другите земји имаат помалку од 30.000 смртни случаи.

Кина, каде што беше откриен коронавирусот на крајот на минатата година, сега е на 17. место по бројот на заразени лица – 83.021, а 4.634 лица починаа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-Ен-Ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија1 час

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија11 час

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија12 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија13 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ17 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија17 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија18 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија20 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија20 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет23 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа23 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет24 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион2 дена

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет2 дена

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет2 дена

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија2 дена

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија2 дена

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Досие