Свет
Германија најави донација од 75 милиони вакцини за посиромашните земји

Новата германска влада има намера следната година да донира најмалку 75 милиони дози вакцина против коронавирус на посиромашните земји. Министерката за развој Свења Шулце изјави дека целта од 100 милиони донирани дози за оваа година е постигната.
„Но, не смееме да застанеме на ова. Следната година имаме намера да донираме уште најмалку 75 милиони дози“, рече Шулце.
Таа се согласи со министерот за здравство Карл Лаутербах дека оваа донација не треба да биде на сметка на вакцинирање на германските граѓани.
Таа додаде дека ќе може да го снабдува и сопственото население и посиромашните земји“
Тоа што е потребно, рече Шулце, е глобално производство во соработка со производителите. Таа додаде дека Германија помага да се обучат специјалисти за планираната фабрика за производство на вакцини „бионтек“ во Руанда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Го положила возачкиот испит по 960 пат, Хјундаи и подари автомобил

Јужнокорејката Ча Са-Сун не се откажала додека не го положила возачкиот испит и го положила во 960-от обид а за тоа потрошила 11.000 фунти. Иако сето тоа се случило во далечната 2009 година, Ча Са-Сун дури неодамна стана вистински хит, откако на Редит повторно се појави веста за нејзината напорна мисија да ја положи возачката дозвола.
Ча Са-сун првпат полагаше писмен испит во април 2005 година, но за жал не беше успешен. Меѓутоа, тоа не ја спречило и продолжила да го полага тестот додека не го полагала секој ден, пет дена во неделата три години.
Потоа го намалила на два пати неделно. Борбата за возачка дозвола следела со полагање на возачки испит, кој успеа да го положи во 960. обид. Обидите вклучуваат и писмени тестови и тестови за возење.
Откако ја прочитал нејзината приказна, Хјундаи и подарил автомобил. Потоа таа заврши во нивната реклама.
Регион
Куче влегло во основно училиште и каснало три деца во Белград

Денеска во попладневната смена, за време на долгиот одмор, во основното училиште „Франс Прешерн“, Белград, куче влегло во училишната зграда и каснало три деца.
Според изворот на Нова.рс, децата плачеле, а итната помош веднаш излегла на местото на инцидентот за да им пружи лекарска помош на децата.
Кучето наводно влегло во зградата за време на големиот одмор, некои деца го хранеле, а тоа наеднаш почнало да ги гризе. Соговорниците на порталот додаваат дека родителите се бесни, а посочуваат дека во ова училиште нема ниту училишен полицаец.
Неодамна слично нешто се случи во основното училиште „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, на часот по физичко, кога момче беше каснато од неколку кучиња скитници.
Свет
Ким Јонг Ун затвори град со 200.000 жители: Армијата претресува куќи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го затвори целиот северен град Хесан откако исчезнаа 653 куршуми за време на неодамнешното воено повлекување.
„Полицајците наизменично ги претресуваат домовите во градот со околу 200.000 жители“, изјавија два извори за Радио Слободна Азија, пишува Euroweeklynews.
„Градот ќе остане затворен додека не се најдат сите 653 куршуми“, изјавил за корејската служба на РФА анонимен жител на северната провинција Рајанганг, каде се наоѓа градот Хесан, пренесува N1.
Муницијата за автоматската пушка исчезнала додека војниците на седмиот корпус на Корејската народна армија се повлекле од областа околу градот, кој се наоѓа на границата со Кина.
Кога се случил инцидентот, војниците прво не пријавиле, туку самите се обиделе да ги пронајдат исчезнатите куршуми. Но, кога не успеале да ги најдат, ги известиле жителите и почнале ригорозна потрага“, вели анонимниот извор.
Полицијата и армијата започнаа истрага, го заклучија градот и претресуваат куќа по куќа. Тамошниот закон предвидува казна повеќе од три години за лицата кои неовластено поседуваат или пренесуваат муниција или оружје. Жителите се загрижени дека ако не се најде муниција, властите по случаен избор ќе казнат некој кој би можел да биде целосно невин, рекол изворот.