Свет
(Видео) Гејтс: Постојат две закани за човештвото за кои никој не сака да зборува

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс, по бројните критики поради предлогот за формирање глобален систем за спречување нови пандемии, зборуваше за главните закани по човештвото по искоренувањето на коронавирусот.
Во интервју за јутјуб-каналот Veritasium, коосновачот на „Мајкрософт“ рече дека има две главни закани – климатските промени и биотероризмот.
„Една од нив се климатските промени. Секоја година ќе имаме поголем број смртни случаи отколку што имавме во оваа пандемија“, рече Гејтс.
Според него, постои друга закана за која никој не сака да зборува.
„Некој што сака да предизвика штета може да направи вирус, а тоа значи дека постои можност да бидеме заразени со него повеќе отколку во природно предизвикана епидемија како сегашната“, рече тој.
Милијардерот истакна дека во иднина ќе има повеќе пандемии, бидејќи луѓето се во интеракција со други видови, а вирусите ја преминуваат видната бариера. Тој спомена дека луѓето треба да бидат поподготвени и веќе никогаш да нема толкав број мртви како што има сега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полицијата во Капитол бара гардистите да останат во Вашингтон уште 60 дена

Полицијата на американскиот Капитол поднесе барање до Пентагон припадниците на Националната гарда да останат во зградата на американскиот Конгрес уште 60 дена, изјави членката на Претставнички дом од Републиканската партија Елиса Слоткин.
АП објави дека Пентагон во моментов го разгледува барањето на полицијата.
Националната гарда, наводно, бара доброволци да ја пополнат позицијата во Капитол сè додека Пентагон не го одобри продолжувањето.
Повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда беа стационирани во зградата на Конгресот на САД по нападот на Капитол на 6 јануари.
Вчера на гардистите им беше кажано да одржуваат голем степен на претпазливост поради потенцијалниот заговор на неименувана вооружена група за извршување нов напад врз Капитол, пренесе „Раша тудеј“.
Доколку Пентагон не го продолжи мандатот на Националната гарда, сите 5.000 гардисти ќе бидат испратени дома во петок, на 12 март.
Регион
Мирослав Шкоро се кандидира за градоначалник на Загреб

Хрватскиот музичар и пејач Мирослав Шкоро официјално потврди дека се кандидирал за градоначалник на Загреб.
„Претседателот на ‘Татковинско движење’, како и разгранокот на ‘Татковинското движење“ на Град Загреб, д-р Мирослав Шкоро, кој освои 465.704 гласа на претседателските избори во 2019 година и под чие раководство партијата освои 16 места на парламентарните избори во 2020 година, ќе биде кандидат на ‘Татковинското движење’ за градоначалник на град Загреб на претстојните локални избори во мај 2021 година“, велат од партијата.
Тој ќе ја претстави својата кандидатура в сабота, 6 март, на Цветниот плоштад во Загреб.
Регион
Опсада во Загреб, антитерористички единици во зградата во која живее Колинда Грабар-Китаровиќ

Загрепската полиција добила дојава дека лице кое сака да се убие се наоѓа во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка, пренесуваат локалните медиуми.
Две антитерористички единици, тешко вооружени и со кучиња, влегле во зградата, пишува „24сата.хр“ и додава дека на терен се најмалку 10 возила, односно дека местото е полно со полиција.
Според еден читател, по другите околни згради биле распоредени и снајперисти.
Хрватските медиуми дошле и до сознанија дека поранешната хрватска претседателка во моментов не е во зградата, бидејќи волонтира во Петриња, град кој изминатиот период беше погоден од серија земјотреси. Во станот не е ни нејзиното семејство.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер