Свет
Голема тепачка во парламентот во Хонгконг поради можни измени на закон
Физичка пресметка изби денеска во парламентот во Хонгконг поради планирани законски измени според кои на осомничените ќе им биде судено во матичната Кина.
Тензиите на почетокот на седницата завршија со тепачка, политичарите почнаа да пцујат и да скокаат по столиците, а дел од нив се обидуваа да дојдат до говорницата, пренесе Би-би-си.
Неколку пратеници се повредени, а еден е префрлен во болница.

Критичарите сметаат дека со предложените измени на законот за испорачување би била намалена слободата на Хонгконг, додека од друга страна властите тврдат дека измените се неопходни за испорачување на осничените за убиство на Тајван.
Како што потсети Би-би-си, Хонгконг и понатаму има одвоен правен систем од Кина.

Пекинг во 1997 година ја врати контролата над Хонгконг, некогашна британска колонија, под услов на територијата да и биде овозможена поголема автономија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

