Свет
Големо количество вино истекло во река во Калифорнија
Повеќе од 97.000 галони црвено вино истекле од големи буриња од една винарница и завршиле во река што се влева во Тихиот Океан северно од заливот на Сан Франциско.
Станува збор за количество црвено вино со кое може да се наполнат осум големи цистерни, наведува станицата КТЛА, која работи во состав на Си-ен-ен.
Нема извештаи за помор на риби, но киселоста на виното, најверојатно, ќе ги убие инсектите со кои се хранат рибите, тврди Дон Мекенил, извршен директор на компанијата за зачувување на реката.
Винарницата за Си-ен-ен изјави дека спроведуваат внатрешна истрага и соработуваат со надлежните органи.
„Ние сме длабоко загрижени и правиме сè што можеме за да ги заштитиме водните патишта“, рече портпаролот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

