Свет
Градоначалникот на Лос Анџелес ја одби понудата на Бајден
Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, изјави дека ја отфрлил понудата да работи во администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Како причина, Гусати изјави дека сака да се фокусира на борбата против пандемијата на коронавирусот во тој град.
„Имаше понуда на маса за мене, но на администрацијата на Бајден ѝ кажав многу јасно – сега морам да бидам тука“, рече Гарсети на прес-конференција. Тој одби да прецизира дали Бајден му понудил место во кабинетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД поднесоа ново обвинение против Мадуро, сопругата и синот
Министерството за правда на САД објави ново обвинение против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, овој пат вклучувајќи ја неговата сопруга и син.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со сериозни обвиненија за „наркотероризам“.
Во обвинението се тврди дека Мадуро и неговите сојузници ги претвориле венецуелските институции во центар на корупција поттикнат од трговијата со дрога, сè за своја корист. Според обвинението на Министерството за правда на САД, венецуелската влада со децении е вклучена во масовна трговија со дрога.
Оваа корупција „ги полни џебовите на венецуелските функционери и нивните семејства, а истовремено им користи на насилните наркотерористи кои дејствуваат неказнето на венецуелска почва и кои помагаат во производство, заштита и транспорт на тони кокаин во Соединетите Држави“, се наведува во документот.
Таа корупција „ги полни џебовите на венецуелските функционери и нивните семејства, а воедно им користи на насилните наркотерористи кои дејствуваат неказнето на венецуелска територија и кои помагаат во производството, заштитата и транспортот на тони кокаин во Соединетите Американски Држави“, се наведува во документот.
– Повеќе од 25 години, венецуелските лидери ги злоупотребуваа своите позиции на јавна доверба и ги корумпираа некогаш легитимните институции за да увезат тони кокаин во Соединетите Американски Држави, се наведува во обвинението.
Мадуро е именуван како главен организатор.
„Николас Мадуро Морос, обвинетиот, е на чело на оваа корупција и се здружил со своите соучесници за да ја искористи својата нелегално стекната власт и институциите што ги корумпираше за да транспортира илјадници тони кокаин во Соединетите Американски Држави“, се вели во обвинението.
Американското судство го обвини претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, дека е на чело на нарко-држава која организирала и шверцувала огромни количини кокаин во Соединетите Американски Држави повеќе од 25 години. Во опсежно обвинение пред федералниот суд во Њујорк се тврди дека Мадуро ги користел сите нивоа на државната власт за да ја заштити трговијата со дрога и да соработува со најопасните нарко-картели и терористички групи во Латинска Америка.
Според американските обвинители, Мадуро бил вмешан во шверц на кокаин уште од раните денови на неговата политичка кариера, прво како пратеник, потоа како министер за надворешни работи, а потоа и како претседател на Венецуела. Во обвинението се тврди дека тој го олеснувал транспортот на дрога под заштита на државата, им издавал дипломатски пасоши на дилери на дрога и обезбедувал непречен премин на авиони и бродови со дрога.
Според обвинението, Венецуела со години служела како клучен центар за трговијата со кокаин, а американските власти проценуваат дека помеѓу 200 и 250 тони дрога поминувале низ таа земја годишно. Кокаинот се испорачува од Венецуела до САД преку поморски патишта низ Карибите и по воздушен пат од тајни и официјални аеродроми контролирани од корумпирани воени и владини претставници.
Во документот се наведува дека владата на Мадуро соработувала со голем број наркотерористички организации, вклучувајќи ги колумбиските герилски групи ФАРК и ЕЛН и мексиканските картели како што се Синалоа и Зетас, како и озлогласената венецуелска криминална мрежа Трен де Арагва. Според обвинението, овие групи имале слобода да дејствуваат на венецуелска територија во замена за пари, оружје и политичка заштита.
Неговата сопруга Силија Флорес е обвинета за примање мито и учество во организацијата за шверц, додека нивниот син Николас Мадуро Гера наводно е директно вклучен во испраќање пратки кокаин, вклучително и планови за шверц на дрога во Њујорк и Мајами.
Американското обвинителство ги товари Мадуро и другите обвинети за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување тешко оружје, вклучувајќи митралези и експлозивни направи. Во обвинението се бара и конфискација на имот стекнат преку трговија со дрога и оружје, а се наведува дека обвинетиот дејствувал како организирана криминална структура во самата држава.
САД со години не го признаваат Мадуро за легитимен претседател на Венецуела, а ова обвинение дополнително ја продлабочува меѓународната изолација на неговата влада. Американските власти велат дека ќе продолжат да ги гонат сите одговорни, без оглед на нивната политичка функција.
Свет
Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија
Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица, соопшти денеска полицијата.
– Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана. „Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се применува сè додека не се донесе правосилна пресуда“ – нагласи полицијата.
Експертите за заштита од пожари веќе покренаа прашања за тоа дали барот имал доволно излези за итни случаи и дали материјалот на таванот (најверојатно поставен за звучна изолација) бил во согласност со законот.
Сопствениците на барот, брачниот пар од Франција Жак и Џесика Морети, изјавија за медиумите дека се скршени од трагедијата и дека соработуваат со властите за расветлување на катастрофата.
– По завршувањето на првичните истраги, кои беа спроведени под надзор на јавното обвинителство на Вале, синоќа беше отворена кривична истрага против двајцата управители на барот – наведува полицијата.
Свет
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на Мадуро, не се знае дали е реална
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци.
Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.
– Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.
Според американските медиуми, апсењето на Мадуро го ивршиле припадници на специјалната единица „Делта форс“.

