Свет
Градоначалникот на Москва: Завршена делумната мобилизација
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска изјави дека целите на делумната мобилизација се целосно исполнети и дека посетите на воените единици на резервистите повеќе не се неопходни.
„Според информациите на московскиот воен комесар, целите на делумната мобилизација утврдени врз основа на претседателскиот указ и соопштението на Министерството за одбрана се целосно исполнети“, изјави градоначалникот на Москва на својот блог, пренесе ТАСС.
„Поканите што беа испратени во текот на процесот на мобилизација на адреси на станбени или фирми веќе не важат“, истакна градоначалникот на руската престолнина, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

