Свет
Градоначалничката на Богота: Извинете поради полициската бруталност
Градоначалничката на Богота, Клаудија Лопез, им се извини на семејствата на убиените демонстранти и повика на помирување.
Во протестите во колумбиската престолнина минатата недела загинаа 10 цивили и беа ранеи стотици поради полициската бруталност.
„Бараме прошка за сите жртви на полициска бруталност. Бараме правдата да биде задоволена затоа што знаеме дека и други вакви инциденти остануваат неказнети и не сакаме истото тоа да се случи и со овие жртви“, рече таа на комеморацијата на жртвите.
Протестите во Богота и во близина на Соака почнаа поради смртта на Хавиер Оронес кого полицијата го застрела во средата, пренесува „Ројтерс“.
За време на протестот во средата, седум млади луѓе беа убиени кога полицијата во Богота употреби огнено оружје. Уште три лица беа убиени на протестите во четвртокот вечерта во Богота, како и уште три во Соака.
Во судирите се повредени 200 полицајци, а уништени се 60 полициски станици, како и десетици возила за јавен превоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат бројни други проекти“, рече Путин, не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева дека ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој, исто така, рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша Тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат бројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Свет
Пет деца во Индија заразени со ХИВ по трансфузија на крв
Пет деца кои страдаат од таласемија во индиската држава Мадја Прадеш биле заразени со вирусот ХИВ по примање трансфузии на крв, објавија локалните власти, објави денес Би-Би-Си.
Најновите случаи на ХИВ инфекција предизвикаа загриженост во врска со начинот на кој се даваат трансфузии, а властите формираа комитет за истражување на инцидентот.
Овие случаи следеа по слични инфекции во источната држава Џарканд во октомври, каде што пет деца под осумгодишна возраст беа заразени со вирусот по примање трансфузии на крв во државна болница, потсетува Би-Би-Си.
Властите во државата Гуџарат започнаа истрага во 2011 година откако 23 деца со таласемија беа позитивни на вирусот по примањето трансфузии во болницата.
Родителите на пациенти со таласемија минатата недела го повикаа индискиот парламент да го усвои Националниот закон за трансфузија, за кој велат дека ќе ги заостри регулативите поврзани со собирањето на залихите од крв, нивното тестирање и трансфузија.
Фото: депозитфотос
Свет
Трамп: Не ја исклучувам можноста за војна со Венецуела
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за Ен-би-си објавено денес. „Не ја исклучувам таквата можност“, изјави тој за „Ен-би-си њуз“ во телефонско интервју.
Трамп исто така рече дека ќе има дополнителни запленувања танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју.
Во вторникот Трамп нареди тотална блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочена кон нејзиниот главен извор на приходи.
Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар од „Ројтерс“. Трамп исто така објави во вторникот дека режимот на венецуелскиот претседател Мадуро е означен како странска терористичка организација.
Нафтата е главен извор на приход за Каракас. Венецуела, која е во ембарго од 2019 година, ја продава својата нафта на црниот пазар по значително пониски цени, особено на Кина.
Трамп претходно го обвини режимот на Мадуро дека ја користи нафтата за финансирање наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања.
фото/депозитфотос

