Контакт

Свет

Граѓаните да се воздржат од криминал додека не залади, апелира полицијата во Масачусетс

Објавено пред

Полицијата од Масачусетс побара од граѓаните да се воздржат од криминал и нелегални активности до понеделник, поради топлотниот бран што го погоди овој дел на САД, објави денеска Си-ен-ен.

„Едноставно премногу е топло за кршење на законот“, изјавија од полицијата во градот Брејнтри во Масачусетс и препорачаa граѓаните да останат во своите домови за време на топлотниот бран односно да ги одложат нелегалните активности за кога ќе биде поладно.

Полицијата препорачува гледање серии, играње видеоигри или вежбање, изразувајќи надеж дека следната средба со престапниците ќе биде најверојатно од понеделник натаму, кога се очекува опаѓање на температурите.

Најмалку шест лица загинаа во топлотниот брано во САД, каде што се забележани температури од 38 Целзиусови степени во Њујорк и Вашингтон.

Топлотниот бран во централниот дел на САД и на атлантскиот брег би требало да трае до недела навечер по локално време.

 

Свет

Се запали ферибот во близина на Јава, исчезнаа најмалку 30 лица

Објавено пред

Најмалку 30 лица се пријавени како исчезнати кога се запали ферибот во близина на островот Јава во Индонезија.

Во моментот на несреќата на траектот имало 277 лица, од кои 245 биле спасени со чамци и бродови, изјави водачот на локалниот тим за спасување, пренесува АП.

Официјален претставник на пристаништето изјави дека пожарот избувнал на траектот речиси 11 часа по напуштањето на Сурабаја и се упатил кон градот Баликпапан. Причината за пожарот не е позната.

Прикажи повеќе...

Свет

Научниците создале вештачка кожа што ја менува бојата

Објавено пред

Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ користеле наномашини – микроскопски мали роботи, за да создадат вештачка кожа што ја менува бојата на светлина, пренесува веб-страницата ЦНЕТ.

Материјалот се состои од ситни честички злато обложени со полимерна школка, кои потоа се ставаат во микроскопски капки вода во масло. Кога се изложени на топлина или на светлина, честичките се спојуваат и бојата на кожата се менува.

Научниците го моделирале дизајнот на кожата според кожата на животните, како камелеоните и сипите, кои може да ја променат својата боја благодарение на хроматофорите во нивната кожа.

Бојата на кожата се одредува според оддалеченоста на честичките. Ако наночестичките се рашират, бојата ќе биде црвена, а ако се споени, изгледааат темносини. Засега, со оглед на тоа дека истражувачите развиле само еден слој, кожата може да промени само во една боја. Со додавање повеќе слоеви, промената на бојата на кожата би можела да биде подинамична.

Прикажи повеќе...

Свет

Двајца израелски Арапи уапсени за учество во Исламската држава

Објавено пред

Двајца израелски Арапи се уапсени и обвинети за терористичка обука и заговор за извршување убиство во име на терористичката група Исламска држава, соопшти израелската агенција за безбедност „Шин Бет“ во средата, пренесува „Брејтбарт“.

Двајцата Арапи, 22-годишниот студент по медицина Амин Јасин и 28-годишниот Али ал-Аруш, двајцата од израелскиот град Тамра, претходно биле уапсени под сомнение дека извршиле безбедносни престапи поврзани со ИД.

Тие биле повторно уапсени во јули во заедничка операција на полицијата и „Шин Бет“.

Во обвинението поднесено во средата се тврди дека двајцата се гледаат себеси како пратеници сè до воспоставувањето на Исламската држава во Израел.

Истрагата открила дека тие презеле значителен материјал поврзан со ИД вклучувајќи упатства за оружје и како да се извршат терористички напади во соодветно време за корист на џихадот.

„’Шин Бет’ ќе продолжи да работи со полицијата за да ги разоткрие осомничените што работат за Исламската држава и ќе ги преземе неопходните мерки за да спречи каква било активност штетна за државната безбедност, вклучително и ширење материјал за терористичката ИД во Израел“, велат од агенцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Свет2 часа

„Јутјуб“ исклучи над 200 канали поради протестите во Хонгконг

Американската компанија „Гугл“ соопшти дека нејзиниот видеосервис „Јутуб“ блокирал 210 канали, кои наводно биле координирани во објава на снимки во...

Регион3 часа

(Видео) Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој на 21 август нападна шпански туристи и со телото...

Македонија4 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија5 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Европа6 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет6 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион6 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет7 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет8 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија18 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија20 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа23 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ1 ден

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ1 ден

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Досие