Свет
Грета Тунберг доби поштенска марка
Шведската тинејџерка и активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, ќе се појави на поштенска марка, која ќе биде издадена утре во нејзината родна Шведска и е дел од серијата еколошки марки.
„Мотивите на поштенските марки треба да го одразуваат нашето време во кое проблемот со животната средина е релевантен и присутен многу години не само преку силниот глас на Грета Тунберг“, се вели во соопштението на шведската поштенска компанија „Постнорд“.
Една поштенска марка со Тунберг во нејзиното карактеристично жолто мантилче и со плетенка додека стои на врвот на еден рид е дел од серијата пет марки на тема „Скапоцена природа“. Една чини 12 круни (1,4 долар).
Тунберг, која наполни 18 години, стекна светска слава со своите соло протести пред шведскиот парламент во Стокхолм, кои почнаа на 20.8.2018 година.
Студентите во светот набргу го следеа нејзиниот пример спроведувајќи редовни големи протести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

